Најефикасниот лек за болни зглобови и колена што го има запишано Баба Ванѓа

Со помош на чудотворниот рецепт од Баба Ванѓа ќе можете да приготвите лековита маст со која ќе ги мачкате болните зглобови.

Потребни состојки:

100 г излупени семки од тиква

30 г растопен путер

30 г рицинус

30 г мед

Ако сакате поголема количина, зголемете ја соодветно количината на состојките.

Постапка:

Семките од тиква смелете ги или исечкајте ги ситно. Смешајте ги и другите состојки со постојано мешање, а на крај додадете го медот. Треба да добиете хомогена смеса која ќе започне да се стега.

Складирајте во тегла и чувајте во фрижидер. Секојпат кога чувствувате болки во колената, глуждовите, рамењата, лактите, зглобовите, дури и во прстите, намачкајте се со маста на Баба Ванѓа.

Познатата Баба Ванѓа им остави на луѓето непроценлив дар.

Тоа се стотици рецепти кои медицината ги нарекува „жива енциклопедија на здравјето“.

Многу лекари истакнуваат дека рецептите на Ванѓа даваат позитивен резултат кај многу заболувања, при тоа секој болен може да ги адаптира кон сопствените потреби …

„Само она што расте под нашите нозе“

Рецептите се едноставни за подготовка, а самите билки – општо познати. Баба Ванѓа сметала дека луѓето треба да се лекуваат со растенија кои растат непосредно околу нас, бидејќи во природата сите нешта- луѓето, фауната, флората – живеат во хармонија.

Според Ванѓа не постојат строги мерки во дозирањето на „народните лекови“. Многу од нив можат да се користат, така да се каже, „од око“. Таа била убедена дека со билките не можеме да си наштетиме, особено ако не се мешаат некомпатибилни состојки.

Еве неколку нејзини рецепти

При запек. Наутро и навечер се зема по 1 лажица желе, приготвено од варено овошје од зрел бозел. Во желето не се става шеќер. Ако сакате можете да додадете мед.

Притиснат нерв. Памучна ткаенина се намачкува со мешавина од маслиново масло и стопен восок и се става по должината на ‘рбетот при тоа се лепи со лепенки да не падне . Ако имате доволно време правете ја оваа постапка секогаш кога ќе се сетите и имате можност.

Кожно чешање. Во два литри вода се вари килограм јачмен и со течноста се мие болниот.

Зајакнување на имунитетот. За таа цел еднаш месечно мијте се со чај од чубрица.

Кашлица (кај возрасни). 4 ореви со лушпа, 1 цвет од бозел и 1 лажица мед се варат во половина литар вода. Течноста се цеди и се зема по 1 лажица три пати дневно.

Маститис. Подгответе мала кора од меко тесто направено од ржано брашно, топен путер и млеко; оставете ја една ноќ, а потоа ставете на болното место. Третманот се повторува неколку пати.

Loading...