НАЈДОБРОТО ТЕСТО ЗА ПОСНИ КРОФНИ: Меки како пена или како што вели син ми…КАКО ОБЛАЧИЊА!Рецепт и фотографии на Зорица Џорџевиќ Џокич.
На барање на син ми…..Најфиното тесто за посни крофни….тие се како пена или како што вели син ми: „Како облачиња…“. Направив половина доза. Ова е рецептот за целата доза…
СОВЕТ: СИТЕ СОСТОЈКИ НЕКА БИДАТ НА СОБНА ТЕМПЕРАТУРА
МИНИ КРОФНИ СИ ВАНИЛА-ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 мл млака вода,
1 коцка свеж квасец и
околу 5 лажици шеќер (може и помалку, по вкус)
Измешајте и оставете настрана да се активира. Кога ќе ферментира и запени, додајте:
1 шолја масло (за кафе),
1 кесичка прашок за пудинг со вкус од ванила (40 г),
ситно рендана кора од лимон,
1 прстофат сол.
Замесете мазно меко тесто со постепено додавање на брашното (околу 1 кг брашно).
Оставете на топло место да ферментира и убаво да го удвои волуменот. Потоа развлечете го на лесно набрашнета површина, но многу тенко…
Со мала чаша вадете кругови и редете ги на крпа. Покријте ги со друга крпа за да не се сушат и оставете ги повторно да ферментираат и да пораснат.
За тоа време загрејте поголемо количество масло на умерена температура, па стасаните крофни спуштете ги во загреаното масло (долната страна треба да е свртена нагоре).
Поклопете со капак, и кога ќе заруменат, свртете ги, но не поклопувајте ги повторно. Вадете ги на салветка…..Додека се топли обилно посипете ги со шеќер во прав. ТОПЛА ПРЕПОРАКА. Рецепт и фотографии на Зорица Џорџевиќ Џокич