За правилна работа на дигестивниот ситем, цревата треба да се празнат редовно, секој ден. Најдобро е тоа да биде повеќе од 2 пати, но многу често се случува луѓето да одат во тоалет само неколку пати во текот на целата недела.

Ваквата состојба не смееме да ја сметаме за нормална. Најверојатно се работи за констипација, или народно познато како запек.

Терминот запек, а се среќава и како опстипација или констипација, се користи за опишување на ситуацијата кога дебелото црево не може да се испразни, иако се чувствува потреба за празнење.

Обично, запекот е лесно решлив проблем, но доколку не му се придава внимание, може да премине во хронична состојба, која на долг рок може да има потеш-ки после-дици.

РЕЦЕПТ: За 6 часа ги празни цревата како под силен млаз вода

Рицинусовото масло е природен лаксаив кој порано почесто се користел, бидејќи на пазарите немало многу производи за оваа намена. За жал на денешните генерации помалку им е познат, бидејќи сè помалку е застапен.

Од ова масло во комбинација со сок од портокал, кој е богат со влакна и корисни нутриенти, се добива многу моќен и здрав напиток за празнење на цревата.

Овој напиток воедно го јакне и имунитетот. Празнењето на цревата е многу важен процес, со кој од организмот се елими-нира натрупаниот от-пад и от-рови, што е од особено значење за спречување на болести и одржување на добро здравје.

Потребни состојки: 1 чаша свежо исцеден сок од портокал и 1 супена лажица рицинусово масло

Постапка: за подготовка на овој напиток, многу е важно да користите свежо исцеден сок од портокал. Купечките сокови содржат голема количина шеќер, а многу малку влакна, па така, напитокот ќе има слаб ефект.

Откако ќе го исцедите сокот од портокал, во него додајте една супена лажица рицинусото масло и промешајте. За најдобри резултати вака приготвениот напиток се препорачува да се кон-сумира еднаш дневно на гладен стомак.

Празнењето на цревата ќе настапи после 6-12 часа.