Ако имате подобар рецепт од овој, споделете во коментар! Основниот рецепт содржи масло, но по сугестија на читателка може да се замени со путер и навистина излегува одлично.

Секоја сугестија од ваша страна е добредојдена. Дома многу ја сакаат супата со кнедли, а според мојот рецепт едноставно се приготвуваат и не се распаѓаат. Не ви е потребна вага за мерење.

Потребни состојки:

1 јајце, 4 супени лажици масло, 8 супени лажици гриз и малку сол. Важно: користете иста лажица како мерка – колку собира масло во лажицата, толку ќе ставите гриз. Значи 8 рамни лажици, а не преполнети.

Постапка:

Изматете го добро јајцето со виљушка или со миксер, додајте масло, сол по вкус, гризот и добро изматете. Измешајте и почекајте минутка-две, може ќе ви се чини ретко, но треба само малку да почекате, гризот да впие.

За попенлива смеса, можете прво да ја изматите белката во снег, па потоа да додадете жолчката. Сварете ја супата која не смее силно да врие, туку само малку на умерена температура, па ставајте мали кнедлички зошто многу нараснуваат! Користете кафено лажиче.

Варете 5 минути, изгасете го шпоретот, поклопете и кога ќе нараснат готови се. Ситно сечкан магдонос поросете одозгора и уживајте во прекрасниот вкус.

Коментар на Маре Димоска:

„Прекрасни се, јас наместо масло ставам една лажица путер и малку сечкан магдонос, имаат многу убав вкус, ги обожувам”.