Чај од мандарина за слабеење, тинктура против кашлица, атеросклероза и дијабетес

Мандарината на многумина им е омилено овошје поради својот вкусен, сочен и сладок плод, а при нивното лесното лупење се ослободува прекрасен мирис кој ја освежува целата просторија!

Мандарините се полни со витамин Ц, предводникот на здравјето во есен и зима кога сме соочени со настинки и грип, а интересна е и информацијата дека мандарините содржат повеќе витамин Ц од портокалите!

Мандарините се член на фамилијата агруми, а содржат хемиски материи кои му помагаат на организмот да се одбрани од болести. Најзначајни се флавоноидите и терпените.

Една мандарина со тежина од 110 грама содржи околу 32 милиграми витамин Ц што е речиси половина од дневната препорачана доза. Витаминот Ц игра важна улога во синтезата на колагенот и еластинот во нашето тело.

Тоа се белковини кои ја создаваат нашата кожа, мускулите и останатото сврзно ткиво. Познато е дека овој витамин важи и како силен антиоксидант кој штити од „нападите“ на разни болести.

-Мандарините се богати со витамин А и фолна киселина

-Во плодот се присутни минералите: калиум, калциум, магнезиум, бакар и железо.

Научниците од Универзитетот Western Ontario откриле дека хранливата материја скриена во мандарината може да ја спречи дебелината, дијабетес тип 2 и атеросклероза. Станува збор за болести кои се одговорни за појава на срцев, но и мозочен удар.

Истражувањата велат дека консумирањето мандарини може значително да го намали ризикот од развивање на срцев и мозочен удар, шеќерна болест, а исклучително се корисни и во борбата против вишокот калории

Лек против кашлица

Потребни состојки:

50 г кора од мандарина
1 чаша водка или 40 % алкохол

Постапка:

Кората од мандарини измелете ја па ставете ја во стаклена тегла. Прелијте со чаша водка или 40% алкохол.

Добро затворете ја теглата и оставете ја да отстои една седмица на темно место.

Употреба:

По една лажица после јадење, заедно со една лажица мед. Ја лекува кашлицата и го прочистува грлото.

Во продолжение прочитајте неколку рецепти со кои на различен начин ќе ја ползувате мандарината во лековити цели.

Она што е заедничко за сите овие рецепти е – прекрасниот мирис на мандарината!

1.МАСКА ЗА НЕГА НА ЛИЦЕТО

Оваа маска едноставно се приготвува и со нејзина помош можете да го отстраните вишокот на масти од кожата како и штетните бактерии, а кожата ја претвора во мека, свежа и кадифена.

Потребни состојки:

3-4 мандарини, без семки
1 чајна лажичка јогурт
1 супена лажица мед

Постапка:

Земете 3 или 4 мандарини. Извадете ги семките а плодот ставете го во блендер или едноставно исцедете го сокот. Додадете една лажичка јогурт и супена лажица мед. Промешајте добро да се соединат.

Приготвената смеса нанесете ја на лицето и вратот, оставете да делува 20 минути, па исплакнете со млака или ладна вода.

Оваа маска можете да ја нанесувате двапати седмично ако имате масна кожа, или еднаш седмично за нормална и сува кожа

2.БАЊА ЗА РЕЛАКСИРАЊЕ И ПОДМЛАДУВАЊЕ

Бањата која се приготвува од кората на мандарините ќе му помогне на целото тело да ја врати својата енергија а воедно ќе ве опушти од секојдневниот стрес.

Овесот ја смирува и омекнува кожата а сода бикарбоната ја урамнотежува рН вредноста и ги извлекува токсините од телото. Кората на мандарините е позната по тоа што помага во намалување на брчки, лузни и акни.
Потребни состојки:
½ шолја суви кори од мандарини
1 шолја овесни снегулки
¼ шолја сода бикарбона

Постапка:

Состојките добро иситнете ги во блендер се додека да добиете убава и прашкаста смеса. Потоа смесата префрлете ја во стаклена тегла со капак. Можете да додадете неколку капки етерично масло од портокал или некој друг цитрус.
Во када со топла вода ставете ½ шолја од вака приготвениот прав.
Кога ќе се нурнете во оваа бања, целиот насобран стрес во вас ќе исчезне

3.ЧАЈ ОД МАНДАРИНА ЗА ВИТКА ЛИНИЈА

Мандарината и црниот чај спаѓаат во силни оксиданси и идеални се за витка линија. Цејлонскиот цимет ги ублажува дигестивните пречки и исто така помага при слабеење.

Состојки за 4 лица:

2 шолји вода
1 ½ шолја свеж сок од мандарина
2 чајни лажички кафеав шеќер или мед
¼ чајна лажичка цејлонски цимет
Неколку каранфилчиња
2 кесички црн чај

Постапка:

Загрејте ја водата да зоврие. Тргнете од оган и додадете сок од мандарина, шеќер, цимет и каранфиче. Ставете пак на оган. Гответе и мешајте додека шеќерот да се растопи. Потоа тргнете од оган и додадете ги кесичките чај. Оставете го чајот да отстои 3 до 4 минути  а потоа веднаш послужете.

Loading...