Во светот е познат како „германски природен лек“, но точното потекло не е познато. Она што е најважно е дека овој природен лек навистина на многумина им има помогнато, а се приготвува многу лесно и едноставно, од лесно достапни намирници.

НМД.мк

Се состои од 3 состојки и поседува 3 важни дејства: може да го зајакне имунитетот и истовремено да ги исчисти артериите од плаки и холестерол, и да се бори против разни инфекции во телото..

Овој природен напиток содржи многу здрави состојки и тоа ѓумбир, лук и лимон. Лукот има антивоспалителни, антивирусни и антисептички својства, а богат е и со витамин Ц, Б6, манган и растителни влакна.

НМД.мк

Ѓумбирот е здрав зачин кој лечи воспаленија, проблеми со варењето, ја намалува болката…

Лимонот е многу важен во борбата против сериозни болести бидејќи е богат со витамин Ц и го зајакнува имунолошкиот систем, ги чисти крвните садови од насобраните масти и ја регулира pH вредноста. Еве што ви е потребно за негова подготовка:

НМД.мк

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 лимони сосе кора,
4 помали главици лук (или 2 големи),
2 литри вода,
1 голем корен свеж ѓумбир

ПОСТАПКА: Измијте ги сите состојки, а потоа исечете го лимонот на парчиња, отстранете ги семките, излупете ги лукот и ѓумбирот. Откако ќе го направите тоа, ставете ги состојките во блендер и изблендирајте.

Во добиената смеса сипете вода и ставете на оган додека да зоврие. Штом зоврие и направи „еден клуч“, тргнете го тенџерето настрана и поклопено оставете да се излади, а потоа процедете го во стаклени шишиња и чувајте го во фрижидер.

Лукот ќе го изгуби непријатниот мирис поради лимонот и ѓумбирот, па не мора да се грижите за тоа. Овој лек пијте го секое утро на празен стомак и навечер 2 часа пред спиење, по една мала ракиена чаша.

Протресете пред употреба, за да не остане талог на дното на шишето.

НМД.мк