За мене ова се едни од најубавите старски колачи, лиснати, крцкави, едноставни за подготовка…

Се топат во сута и мирисаат на ванила и лимон, неодоливи. Некаде се познати како „мастчиња“, „салашњаци“ или „салењаци“, а јас ги знам како „отворени книги“. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г брашно, 3 жолчки, рендана кора од 1 лимон, прстофат сол, 300-400 мл газирана вода. За премачкување: 400 г прочистена маст и измиксана во блендер. И уште: џем од кајсии, шеќер во прав, ванилин шеќер

ПОСТАПКА: Во подлабок сад просејте го брашното, додајте ги жолчките, ситно рендана кора од еден лимон, 1 супена лажица маст, сол и постепено додавајте ја газираната вода. Замесете средно меко тесто.

Оставете покриено да одмори 10 минути од месењето, па развлечете тенка кора и премачкјате ја со 1/3 маст. Преклопете го на трипати како книга, слично како за секое лиснато тесто: прво до една третина преклопете од една и од друга страна.

Кога ќе добиете долга правоаголна трослојна кора, преклопете на четирипати: до една четвртина од двете страни, како две коцки, а потоа уште еднаш, на крај да добиете една дебела коцка. Вака спакувано оставете во фрижидер да одмори половина час.

Постапката повторете ја уште двапати. Четвртиот пат развлечете го тестото во кора со дебелина од 1 см, израмнете со нож од сите страни за да може од сите страни убаво да се разлистува, па исечете ја кората на квадрати.

На секој квадрат ставете лажичка џем. Преклопете ги двата краја кон средина и малку притиснете за да се отвори при печењето, или пак, лесно преклопете ги на половина, како книга.

Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени Ц, 15-20 минути. Оставете малку да се оладат, па обилно наросете ги со шеќер во прав и ванилин шеќер, па уживајте во лиснатите, крцкави залаци. Рецепт и фотографии на „Моје Џаконије“ / Сооlinarika