Најдобриот ПИЦА-ЛЕБ со лук и кашкавал…Колку и да направам, малку ни е! Еве што е потребно за подготовка на едно лепче со големина на средна пица:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
1 1/2 чаша сенаменско брашно
1 лажиче сув квасец
1 лажиче шеќер
1/2 лажичка сол
1 цело јајце
1/2 чаша топло млеко
2 лажици путер

За премачкување и полнење:
2 лажици ситно сечкан зелен кромид
1 лажица сечкан магдонос
2 чешниња мелен лук
1 лажиче шеќер
1 жолчка од јајце
2 лажици путер на собна температура
150 г кашкавал/моцарела

ПОСТАПКА:

Во брашното сипете ги сите наведени состојки освен путерот, па замесете го тестото. на почетокот ќе биде меко и малку лепливо, но после 5 минути убаво ќе се обликува. Додајте му го омекнатиот путер и домесете го додека да се апсорбира и тестото убаво да се измазни.

Обликувајте го во топче и ставете го во тепсијата каде ќе се пече, обложена со хартија. Покријте го со крпа и оставете го да ферментира 30-45 минути.

За тоа време подгответе го намазот: измешајте ги сите состојки додека да добиете фина изедначена паста кола лесно се размачкува. Кашкавалот исечете го на ленти.

Стасаното и одморено тесто развлечете го со рацете додека да добиете кора со дебелина на пица.

Површински засечете го на коцки и одозгора премачкајте го подготвениот намаз од лук и путер.

Во засеците ставете ленти кашкавал и оставете да одмори 15 минути. Потоа ставете го лепчето да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 12-15 минути или колку што е потребно за да зарумени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.