НАЈДОБРИОТ ЛЕК ЗА КОСКИ, а помага и за зајакнување на имунитетот и регулирање на штитна желзда

Коските се бели, цврсти о ргани кои го образуваат скелетот. Секоја коска во скелетот има определена форма и е специјализирана за вршење на определена функција. За коските преку тетиви се поврзуваат скелетните мускули, со кои се обезбедува определен начин на нивно движење.

Коските се повеќенаменски структури кои имаат различни и витални улоги кај ‘рбетниците. Тие образуваат рамка на телото, давајќи му потпора и форма. Тие исто така образуваат површина за прикачување на мускулите и дејствуваат како лостови, овозможувајќи многу сложени движења.

Повеќето коски ги штитат помеките внатрешни органи; на пример, коските на черепот го заштитуваат мозокот, а ребрените коски формираат кафез околу срцето и белите дробови. Освен овие структурни и механички функции, коските исто така учествуваат во физиологијата на телото.

Тие складираат калциум, минерал кој е есенцијален за активноста на нервните и мускулните клетки. Меката срцевина на коската (коскена срж) е место каде се формираат еритроцитите, одредени леукоцити и тромбоцитите.

Иако коската изгледа како нежива материја, сепак таа е динамична структура составена од живи ткива, како коскени клетки, масни клетки и кр-вни садови, како и од неживи материи, вклучително вода и минерали.

Калциумот кој е есенцијален минерал во коските, со текот на годините се намалува, а коските стануваат порозни. на тој начин се зфолемува ризикот од по-вреди и фрак-тури.

ЛУШПИ ОД ЈАЈЦА КАКО ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА ЗДРАВИ И СИЛНИ КОСКИ

Секое домаќинство користи јајца во исхраната, а лушпите се фрлаат. Меѓутоа, тие 90% се составени од калциум, минерал кој е особено важен за здравјето на човекот. Не ги фрлајте лушпите, измијте ги добро, исушете ги во рерна и сомелете ги во прав.

Денес во подобро снабдените аптеки може да се купи или порача прав добиен од лушпи од јајца, па доколку од некои причини не можете сами да си го направите, истиот можете да си го купите.

Калциумот има бројни важни функции во работата на организмот. Освен што создава коскена маса и спречува остеопороза, калциумот ја нормализира работата на нер.вите и мускулите, ја регулира работата на срцето, оневозможува згрутчување на кр-вта и поттикнува добар сон. Исто така, добар е за работата на имунолошките клетки како и за здрава кожа и коса.

Бројни се факторите кои го црпат калциумот од организмот, а најмногу: физичка неактивност, кафе, алкохол и газирани пијалаци. На недостиг од калциум најмногу се склони бремените жени и жените во менопауза, повозрасните мажи како и лицата кои патат од дигестивни пореметувања.

Лушпата од јајце содржи 90% калциум и претставува најдобар извор на овој минерал. Телото лесно го апсорбира бидејќи лушпата од јајце според хемискиот состав е идентична со човечките коски и забите.

Во поголеми дози не само што ги лекува симптомите од дефицит на калциум туку и го спречува развојот на остеопороза, помага при висок холестерол и повишен кр-вен притисок, а исто така ја поттикнува коскената срцевина да произведува кр-вни клетки.

Покрај тоа, лушпата на јајцето содржи железо, бакар, манган, цинк, флуор, фосфор, хром и молибден. Поради тоа, многу експерти ја проучуваат употребата на мелени лушпи од јајце како природно и многу делотворно надополнување со калциум. Во зависност од возраста, препорачаната дневна доза е 1,5 до 3 грама мелена лушпа од јајце.

Не ги фрлајте лушпите од јајце. Искористете ги за правење на здрав еликсир, а особено ако станува збор за домашни јајца. Излупете ја внатрешната опна од лушпата па ставете ја кратко во зовриена вода за да се дезинфицира. Исушените лушпи истолчете ги во прав.

Потребни состојки: две лажички прав од лушпа од јајца, две лажички исчистени и смелени семки од тиква, две лажици павлака и две лажици мед. Сето добро промешајте го. Употреба: по една мала лажичка трипати дневно, помеѓу оброци.

„Ова е одлично средство за јакнење на имунитетот, заштита од кариес и против алергии“- тврди познатата украинска докторка – натуропат Јелена Свитка.

Лек за штитна жлезда

Лушпи од осум јајца добро измиени, се сушат, мелат во прав или ситно се дробат, па се преливаат со сок од два лимона. Се остава во фрижидер неколку дена додека лушпите да се стопат.

Се процедува а течноста се меша со еден литар ракија и килограм мед. Се остава да отстои една седмица, пред употреба. Употреба: по една супена лажица, 2-4 пати дневно после јадење.

Лек за гастритис, чир

Една лажица мелени лушпи од јајца се мешаат со една лажица мелено мускатно оревче. Сето тоа се меша со две лажици лимонов сок. Се остава во фрижидер неколку дена додека лушпите целосно да се стопат. Потоа се додава 100 мл топло млеко.

Употреба: двапати дневно, наутро, на празен желудник и навечер пред спиење, по една супена лажица.

За јакнење на организмот и чистење на крвта

Лушпи од 4-5 јајца добро измиени, се дробат и се ставаат во 3 литри вода. Се чува во фрижидер една седмица и се користи како вода за пиење. Употреба: 2-3 чаши од водата со малку лимонов сок.

Претходна статијаЦВЕКЛО И ЛУК: Го подобрува видот, ги мие мастите од црниот дроб и потполно го чисти дебелото црево
Следна статијаСУРУТКА: Најдобар природен лек за сите со прележана пневмонија – препорака од пулмолог