Нутела МРАМОРЕН КУГЛОФ – едноставен и брз

Ова не е обичен мраморен куглоф, туку куглоф со нутела. Децата го обожаваат!

Потребни состојки:

250 г путер или маргарин
250 г шеќер
5 јајца
500 г брашно
1 ¼ лажичка прашок за печиво
250 мл млеко
200 г нутела
1 лажица рум

Постапка:

1.Пенасто изматете го путерот со шеќерот.
2.Додавајте едно по едно јајце и понатаму матејќи со миксерот.
3.Измешајте го брашното со прашокот за печиво.

Loading...

4.Наизменично додавајте млеко и брашно во смесата со јајца.
5.Изматената смеса поделете ја на два дела. Во едниот додадете рум, а во другиот нутела.

6.Смесата излејте ја во намастен и набрашнет калап за куглоф, и тоа прво жолтиот дел, па потоа темниот. Со виљушка малку измешајте ги смесите за да се добие мраморен ефект.

7.Ставете да се пече на 180-200 степени околу еден час или прилагодете според вашата рерна.

Колачот може да се пече и во обичен четвороаголен плех, а одозгора може да се прелие со чоколадна глазура.

Напомена: Наместо млеко може да се стави јогурт, наместо прашок за печиво може да се стави сода бикарбона, а нутела по вкус, може и само 4 супени лажици. По желба може да додадете и 100 г лешници.

coolinarika.com

Loading...