Ова е најбрзиот и највкусниот појадок на сите времиња, со него одново и одново ги воодушевувам моите најмили, а некогаш го приготвувам и за гости. Најчесто како „фил“ ставам колабс-виршли, но може да се стави што имате од сувомеснато во фрижидерот, па дури и со варени јајца е многу вкусно и декоративно.




Ова навистина вреди да го испробате, ќе добиете совршен појадок или вечера со брза и едноставна подготовка. Оние што го испробаа имаа само пофалби за рецептот на Јелена, со единствена забелешка „зошто го криела цели 20 години“? Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 250 мл млеко, 50 г путер, 500 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), сол по вкус, 4 листови тост-кашкавал, 4 колбас-виршли или по сопствен избор, 100 г рендан кашкавал (или моцарела)




ПОСТАПКА: Во длабок сад ставете 250 мл млеко и додајте две цели јајца, една лажичка сол, 50 г растопен и подизладен путер (во микробранова печка или на многу тивок оган), па сето добро изматете го со кујнска жица-маталка.




Во мешавината од течни состојки преку сито додајте ги сувите состојки: 500 г брашно и една кесичка прашок за печиво (10-12 г). Добро изматете со маталката додека да добиете хомогена течна смеса со густа конзистенција, без грутчиња.




Долгнавест калап кој обично го користите за ролати или леб со димензии 32х12 см намастете го со маргарин и обложете го со хартија за печење, па во него излејте ја приготвената смеса. Калапот мора да биде длабок зошто смесата во текот на печење нараснува, а волуменот го зголемува речиси за половина.




Израмнете ја површината, па прелијте со едно изматено јајце. Јајцето распоредете го рамномерно преку целото тесто со подигнување на калапот под сите агли. Одозгора наредете листови кашкавал, да се покрие целата површина.




Потоа наредете ги виршлите или нешто друго по ваш вкус и на крај, преку сето тоа распоредете рендан кашкавал. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, половина час. Послужете топло, а вкусно е и ладно. Деталите погледнете ги ОВДЕ.