Home посни колачи Најбрзиот чоколаден крем од само 2 состојки (Посно) за торти и колачи,...

Најбрзиот чоколаден крем од само 2 состојки (Посно) за торти и колачи, а може да се послужи и како самостоен десерт во чаша…

Најбрзиот чоколаден крем од само две состојки (Посно) за торти и колачи, а може да се послужи и како самостоен десерт во чаша…

Како што и самиот наслов говори, многу брз и вкусен крем со кој можете да филувате разни торти и колачи. Се надевам дека на многумина ќе им користи за посни слави или за денови на пост.

Можеби на повеќето овој крем им е добрo познат, бидејќи се користи како основа на бројни филови, меѓутоа, еве, нека послужи како потсетник.

Потребни состојки:

400 г чоколадо за готвење – посно
400 мл слатка павлака – растителна

*Секако, овој крем може да се приготвува и во масна варијатна, доколку користите полномасна слатка павлака и млечно чоколадо.

Постапка:

Во соодветен сад ставете ја слатката павлака и загревајте на тивко. Кога ќе загрее, но пред да зоврие, додајте го чоколадото кое претходно сте го изрендале или искршиле на ситни коцки.

<

Тргнете го садот од оган или намалете ја температурата на најтивко додека го мешате кремот, зашто не смее да зоврие. Мешајте додека чоколадото убаво да се растопи и соедини со павлаката.

Кремот се остава на собна температура да се излади, а потоа се става во фрижидер. Кога убаво ќе излади се мати со миксер на најсилна брзина.

Пред да се измати, може да се користи како прелив за торти и колачи, а доколку го изматите, добивате префин крем за филување.

Ова е навистина спас кога немате многу време.

Деталите околу подготовката можете да ги погледнете во видеото: