По некоја случајност дознав за оваа генијална идеја која со задоволство ќе ја споделам со вас!

Пред неколку месеци бев на гости кај една моја пријателка. Таму ја затекнав нејзината ќерка, целата расплакана, како цврсто притиска сунѓер на раката.

Кога ја прашав другарка ми што се случило, таа ми одговори: „Падна додека си играше надвор, па сега држи ладен сунѓер додека да и се смири болката”.

Нормално, бев изненадена, иако знам дека кај сите повреди се става ладна облога за да се намали болката и да се пречи создавање на оток и модринки. Ја прашав од каде па сега ладен сунѓер, а таа ми одговори:

„Секој ден во фрижидерот имам најмалку по 2 до 4 сунѓери. Тоа се чисти сунѓери кои убаво ги натопувам со обична вода, малку ги цедам и ги ставам во чиста кеса, во фрижидер. Кога детето ќе се повреди (гребаници, удар,посекотина), тој сунѓер го ставам на раната. Не се грижам, бидејќи знам дека сунѓерот е чист.

Порано ставав кеси со смрзнат зеленчук, кој кога ќе се стопи мора да го фрлиш, зошто се претвора во каша. Не сум заговорник за ставање на свежо месо врз детска кожа, па затоа тоа не го правам. Сунѓерот врши функција на сув мраз.”

Искрено се воодушевив на оваа идеја. Со оглед на тоа што имам две деца на возраст од 5 и 7 години, овие сунѓери ми се чинеа како откровение.

Сега и самата секој ден имам по 2 мокри сунѓери во фрижидер, случајно да не ми затреба!