I РЕЦЕПТ – Најбрзиот чоколаден крем на светот само од две состојки (Посно) за торти и колачи. Како што и самиот наслов говори, многу брз и вкусен крем со кој можете да филувате разни торти и колачи. Се надевам дека на многумина ќе им користи за посни слави или за денови на пост.

Можеби на повеќето овој крем им е добрo познат, бидејќи се користи како основа на бројни филови, меѓутоа, еве, нека послужи како потсетник. Потребни состојки: 400 г чоколадо за готвење – посно и 400 мл слатка павлака – растителна.

*Секако, овој крем може да се приготвува и во масна варијатна, доколку користите полномасна слатка павлака и млечно чоколадо. Постапка: Во соодветен сад ставете ја слатката павлака и загревајте на тивко. Кога ќе започне да испарува, пред зовривање, ставете го чоколадото кое претходно сте го изрендале или искршиле на ситни коцки.

Тргнете го садот од оган или намалете ја температурата на најтивко додека го мешате кремот, зошто не смее да загори. Мешајте додека чоколадото убаво да се растопи и соедини со павлаката. Кремот се остава на собна температура да се излади, а потоа се става во фрижидер.

Кога убаво ќе излади се мати со миксер на најсилна брзина. Пред да се измати, може да се користи како прелив за торти и колачи, а доколку го изматите, добивате префин крем за филување. Ова е навистина спас кога немате многу време. Деталите околу подготовката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

II РЕЦЕПТ – ПОСЕН СЛАТКАРСКИ КРЕМ – Овој крем е многу вкусен и најчесто се користи за филување на принцес крофните и сличните слатки. Може да се јаде и самостојно како крем-пудинг. Се приготвува многу едноставно.

Потребни состојки: 1 литар вода, 300 г шеќер или по вкус, 1 ванилин шеќер, 200 г брашно, 125 г посен маргарин

Постапка: Брашното се разматува убаво во половина литар вода, а остатокот вода (500 мл) се става на оган заедно со шеќерот. Кога ќе зоврие водата се намалува температурата, па во неа се додава разматеното брашно (без грутчиња) и се меша додека да се свари и згусне како пудинг. Се остава на страна да се олади целосно, па се соединува со пенасто изматен маргарин.

III РЕЦЕПТ – СЛАТКАРКИ КРЕМ СО МЛЕКО И ЖОЛЧКИ. Ова е универзален ванила крем кој слаткарите го ставаат во повеќето свои колачи и торти. Вкусот на овој крем кој се топи во уста е свиленкасто нежен. Пробајте го и уверете се сами, ви го пренесуваме оригиналниот рецепт:

Потребни состојки: 500 мл млеко, 1 стапче ванила (ќе ви биде потребно семето од стапчето), 4 жолчки, 150 г шеќер, 50 г брашно или густин, 1 лист желатин
Постапка: Ставете го млекото на оган да зоврие заедно со ренданите семчиња од ванилата.

По желба ставете и празно стапче кое треба да се извади кога ќе проврие. Ако не го употребите стапчето, истото сомелете го, ставете го во шеќер и ќе добиете домашен ванилин шеќер. Жолчките пенасто изматете ги со шеќер, па додадете брашно или густин, измешајте да нема грутчиња.

Во тоа ставете малку од зовриеното млеко, добро разматете за да се загреат жолчките, па додадете го остатокот од млекото. Добро промешајте, па садот вратете на тивок оган и мешајте додека да згусне. Тргнете од оган и додека се лади често промешувајте го за да не фати коричка или прекријте го со проѕирна фолија.

За побрзо ладење, кремот излејте го во поширок сад, раширете го и прекријте со фолија. За погуст крем, сварениот крем тргнете го од оган малку на страна, па додадете во него желатин, претходно натопен во вода според упатството, па растопен на пареа.

Вака ќе го добиете основниот крем за филување на торти и колачи, а можете по желба и да го збогатите вкусот со додавање на изматена слатка павлака, пенасто изматен путер и растопено чоколадо, како и овошен екстракт.

IV РЕЦЕПТ . Слаткарски жолт крем – класичен префин крем кој може да се користи за разни слатки, готов за 10 мин. Рецепт и видео прилог на Марко од Како Да Готвиме (How 2 Bake It) – Слаткарски крем. Ова е најдобриот крем за принцес крофни, со полн вкус кој не може да се замени со обичниот од пудинг со ванила.

Потребни состојки: 650 мл млеко, 2 ванилин шеќер, 120 г шеќер, 40-50 г густин (50 ако ви е потребен погуст крем како за на пр. Принцес крофни), 2 цели јајца, 2 жолчки
Постапка: Во еден подлабок сад ставете ги јајцата, жолчките, шеќерот и ванилата, па изматете со маталка додека смесата малку да осветли.

Потоа додадете густин и добро промешајте да нема грутчиња. Постепено додавајте го млекото и мешајте цело време додека убаво да се изедначи. Садот ставете го на умерен оган и загревајте со константно мешање. По потреба намалете ја температурата.

Најдобро е кремот да се вари на тивок оган малку подолго време, но така ќе одбегнете опасност да ви загори. Мешајте цело време додека да згусне. Покријте го кремот со проѕирна фолија за да не фати коричка и оставете да излади. По желба кремот можете да го соедините со пенасто изматен путер. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

V РЕЦЕПТ – Универзален слаткарски крем од ванила: тајната на најубавите торти и колачи! Еве зошто слатките од скапите слаткарници се толку многу вкусни. Дали сте слушнале за таканаречениот универзален ванила крем кој слаткарите го ставаат во повеќето свои колачи и торти?

Не си помислувајте веднаш дека се мрзливи – тие на тој начин всушност ги прават своите наубави колачи, бидејќи вкусот на овој крем кој се топи во уста е просто незаменлив! Пробајте го и уверете се сами, а ние ви го пренесуваме оригиналниот рецепт:

Потребни состојки: 500 мл млеко, 1 стапче ванила (ќе ви биде потребно семето ов стапчето), 4 жолчки, 150 г шеќер, 50 г брашно или густин, 1 лист желатин
Постапка: Ставете го млекото на оган да зоврие заедно со ренданите семчиња од ванилата.

По желба ставете и празно стапче кое треба да се извади кога ќе проврие. Ако не го употребите стапчето, истото сомелете го, ставете го во шеќер и ќе добиете домашен ванилин шеќер. Жолчките изматете ги со шеќер, па додадете брашно или густин, измешајте да нема грутчиња.

Во тоа ставете малку од зовриеното млеко, добро разматете па додадете го остатокот од млекото. Добро промешајте па садот вратете на тивок оган и мешајте додека да згусне. Тргнете од оган и додека се лади често промешувајте го за да не фати коричка или прекријте го со проѕирна фолија.

За побрзо ладење, кремот излејте го во поширок сад, раширете го и прекријте со фолија. За погуст крем, сварениот крем тргнете го од оган малку на страна, па додадете во него натопен и процеден желатин.

Вака ќе го добиете основниот крем за филување на торти и колачи, а можете по желба и да го збогатите вкусот со додавање на изматена слатка павлака, пенасто изматен путер и растопено чоколадо, како и овошен екстракт.

VI РЕЦЕПТ – Путер крем: најдобриот за украсување торти и колачи, се прави за многу кратко време. Овој путер крем може да се комбинира со малини, чоколадо и мелени бисквити – едноставно е непогрешив. А кога тортата не се пече се приготвува за 20 минути – тоа е добитна комбинација!

Потребни состојки: 125 г путер, 200 г шеќер во прав, 3 лажици млеко
Постапка: Наместо путер можете да користите и маргарин, но путерот е многу поздрава и повкусна варијанта. Извадете го од фрижидерот и оставете го да омекне на собна температура.

Потоа изматете го пенасто си миксер, па додадете го шеќерот во прав и уште еднаш убаво измиксајте. Пред крајот додадете го млекото и уште еднаш изматете за убаво да се соедини.

Овој путер-крем најчесто се користи за финиширање на тортата, но во него може да се додаваат разни додатоци и да се користи како фил. Пред да ја обложите тортата со фондан, премачкајте ја со овој путер крем или украсете го десертот само со него, ќе изгледа прекрасно. ОВДЕ.