Рецепт и видео презентација на CooKing – Освежителна плазма торта. направете преубава освежителна торта со неколку состојки (плазма, вишна и нутела) за само 15 минути. Нема да извалкате многу садови и нема да ви одземе многу време, а ќе добиете превкусен колач. Подолу можете да го прочитате и рецептот за Песок торта.

Потребни состојки: 200 г шлаг во прав, 100 мл ладна вода (или млеко од фрижидер), 200 г кисела павлака, 100 г вишни, 150 г мелени кекси, 2 лажици лешник креми (овие состојки се доволни за приговување на торта во калап/обрач со пречник од 22 см).

Постапка: Во длабок сад за матење ставете 200 г шлаг во прав и додадете 100 мл студена вода или млеко од фрижидер. Матете со електричен миксер најпрво со послаба брзина, а потоа со најсилна неколку минути, сè додека да добиете фин мазен кремозен шлаг.

Во изматениот шлаг додадете 200 г кисела млечна павлака и 100 г смрзнати вишни (или свежи вишни доколку имате, претходно исчистени од семките). Матете со миксерот уште неколку минути додека убаво да се соединат и изедначат состојките.

Потоа, добиениот крем поделете го на три еднакви делови. Во првиот дел додадете две лажици нутела, па промешајте добро за да се изедначи смесата и да стане чоколадно кафеава. Во вториот дел ставете 150 г мелена плазма (или мелени кекси по ваш избор).

Промешајте за да се изедначи смесата. Третиот дел останува ист, не се додава ништо во него. Во калап за торти со обрач 22 см (обложен со проѕирна фолија), најпрво на дното ставете ја смесата со кекси. Рамномерно распоредете ја и израмнете ја површината.

Потоа, како втор слој можете да го ставите или белиот или чоколадниот, по ваш избор. Но поради структурата, најдобро би било нутела-филот да дојде во средината. распоредете го рамномерно врз првиот слој од плазма-филот, па израмнете ја убаво површината.

И најпосле, одозгора нанесете го последниот, белиот фил. Убаво распоредете го и рамномерно израмнете. Тортата оставете ја во замрзнувач 2 часа или во фрижидер преку цела ноќ и вашата торта е готова. деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

II РЕЦЕПТ – Без печење, без миксер: Песок торта која е готова за 30 минути. Рецепт и видео презентација на BreaD – Песок торта готова за половина час. Без печење, без миксање. Иако можеби ви звучи нестварно за една ваква вкусна и раскошна по вкус торта, сепак направете ја и уверете се.

Зошто да чекате да се олади кремот, па дури потоа да го пставите путерот и тоа претходно пенасто измиксан со шеќерот во прав? Цела таа процедура е непотребна! Во врелиот пудинг веднаш ставете го путерот, поделете го на три дела.

Потоа само уште останува да ги додадете ги останатите состојки и редете ги слоевите на тортата. Овој рецепт можат и деца да го прават. А се добива една многу фина и обилна торта. Торта која ќе ја приготвувате многу брзо, без употреба на миксер и рерна, а сигурно че ја правите и многу често.

Потребни состојки: 1,5 литар млеко, 6 пудинг од ванила, 250 г шеќер, 2 ванилин шеќер, 250 г путер, 300 г кокос (1.фил), 300 г мелена плазма, (2.фил), 200 г чоколадо (за 3.фил), 200 г мелени ореви (за 3.фил) и за декорација шлаг или по желба.

Постапка: Шест пудинзи од ванила помешајте ги со 250 г шеќер и малку млеко одземено од вкупното, 1,5 литар млеко. Промешајте добро за да се растопи шеќерот и да нема грутчиња од прашокот за пудинг. Остатокот од млекото ставете го на оган, додадете 2 кесички ванилин шеќер и промешајте.

Кога млекото ќе зоврие, постепено додадете ја разматената смеса и постојано мешајте на намален, тивок оган, додека убаво да згусне смесата. Откако ќе се свари пудингот, додека сè уште е врел, во него додадете 250 г исечкан путер и промешајте за да се растопи и соедини со пудингот. Добро измешајте за да добиете мазен крем.

Пудингот веднаш поделете го на три еднакви делови, во различни садови. Двата сада покријте ги со фолија или повремено промешувајте ги за да не фатат коричка. Во првиот дел додадете 300 г кокосово брашно и промешајте да се изедначи смесата.

Во вториот дел промешајте 300 г мелени бисквити и промешајте за да се изедначи и оваа смеса. Во третиот дел додадете 200 г растопено чоколадо (промешајте) за да добиете изедначен кафеав крем, а потоа додадете и 200 г мелени ореви. Убаво промешајте до изедначување.

Редење: на дното од калапот прво нанесете го филот со кокос, рамномерно распоредете и израмнете, како втор фил распоредете ја мешавината од пудинг и бисквити. А на крај, рамномерно распоредете го чоколадниот фил и израмнете.

Оставете ја тортата во фрижидер 2-3 часа за да се стегне. Потоа извадете го обрачот и декорирајте ја со шлаг или по желба. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.