Православните верници на 10 јуни (четврток) го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток.

За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта сè уште се почитуваат. За Спасовден се к олеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко.

Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат. На Спасовден никако не требало да се спие преку ден, за да не се биде мрзелив цела година.

На тој ден богатите после одењето од црква повикувале гости на ручек, а помалку богатите го продолжувале дружењето пред црква, каде народот се собирал и веселел.

И Крстот е составен дел на Спасовден. Се смета дека народот треба да направи крст и да го стави на својата куќа или во друг дел од имотот за да ги избрка л ошите д емони.

Во некои краишта и денес се практикуваат овие обичаи, па жените и децата не се мијат на овој ден, додека мажите не се бричат.

Девојките на овој ден треба да наберат што повеќе цвеќиња бидејќи е ден за г атање. Потоа треба со ливчињата да прават „Ме сака – не ме сака“, за да видат дали саканиот ги сака.

Чудесна молитва на чесниот крст:

Со крстот победувај, со крстот Христов спасувај се! Молитвата е секогаш богатство од чисти емоции и искрени зборови! Слава Тебе Господи! На Твојот Чесен Крст! Нека вос-кресне Бог и нека се раз-небитат не-пријателите Негови, и нека бегаат од лицето Негово оние што го мра-зат.

Нека исчезнат како што исчезнува чадот, како што се топи восокот во допир со огнот; така нека изги-нат ѓаво-лите пред лицето на оние кои го љубат Бог и се осенуваат со крсниот знак, и кои радосно говорат:

Радувај се, пречесен и животворен крсте господов, кој ги прогонуваш ѓаво-лите со силата на рас-пнатиот на тебе Господ нашиот Исус Христос, кој се симна во пе-колот и ја со-тре силата ѓа-волска, и кој нам ни те даруваше тебе, крстот свој чесен, за прого-нување на секој п ротивник.

О, пречесен и животворен крсте господов, помагај ми секогаш со светата владетелка, Дева Марија Богородица и со сите светци засекогаш. Амин.

Глас први: Спаси ги, Господи, Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство. Дарувај им победа над не-пријателите на сите наши православни христијани и со крстот Свој заштити го Твоето наследство.

Со крстот побе-дувај, со крстот Христов спа-сувај се!