Home Десерти НАЈЕДНОСТАВНИОТ РЕЦЕПТ ВО СВЕТОТ…Брзи крофни, повкусни од сите десерти…

НАЈЕДНОСТАВНИОТ РЕЦЕПТ ВО СВЕТОТ…Брзи крофни, повкусни од сите десерти…

НАЈЕДНОСТАВНИОТ РЕЦЕПТ ВО СВЕТОТ…Брзи крофни, повкусни од сите десерти…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
2 јајца
50 г шеќер
125 г цврст јогурт или кисела павлака
8 г ванилин шеќер
1/2 лажичка сол
50 мл масло
рендана кора од лимон
420 г брашно
10 г прашок за печиво

За фил:
2 јаболка
2 лажици шеќер
1 лажица путер или маргарин
1 лажица џем
шеќер за валање на крофните

ПОСТАПКА:

1.Со жица маталка соединете ги јајцата со шеќер, ванила, сол и јогурт, па додајте масло и соединете. Додајте го брашното помешано со прашок за печиво и замесете меко и еластично тесто.

2.Во тава испржете ги ситно исечканите јаболка помешани со шеќер, путер и џем. Кога ќе испари вишокот течност тргнете ги настрана.

3.На набрашрнета површина поделете го тестото на 8 дела и од секој дел обликувајте топче. Со оклагија развлечете кора со големина на голема чинија, во средината страбете фил, краевите премачкјате ги со вода и преклопете.

4.Вишокот тесто исечете го и со виљушка залепете ги краевите за да не истекува филот при пржењето.

5.Загрејте масло на умерена температура и пржеете ги крофните по неколку минути додека да заруменат двете страни. Потоа валајте ги во кристал шеќер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.