Најмоќниот природен лек за болни зглобови, го испробав на себе…Ефикасен, делува за 7 дена…Рецепт на Милица Бијелиќ.
Рецептот што ќе го споделам со вас го применив самата пред 4-5 години, а станува збор за лек за зглобови.
Овој лек особено е добар за жени кои влегуваат во менупауза, кога започнуваат проблемите со зглобовите и коските, кога е намалена подвижноста на прстите и рачните зглобови и т.н.
Кај мене, пред 4-5 години започна да ме боли палецот, а потоа и малиот прст, и воопшто имав потешкотии со виткањето на прстите.
Јас го применив рецептот кој сега ќе ви го откријам и во рок од седум дена ми исчезнаа болките. Покрај еликсирот што го пиев, ставав и лековита облога, исто така во текот на седум дена. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
1 корен од свеж ѓумбир
1 лимон
4-5 лажици мед
Постапка:
Ѓумбирот излупете го или само изрендајте го заедно со кората доколку е домашно производство.
Ренданиот ѓумбир ставете го во стаклена тегла, па додадете сок од свежо исцеден лимон. На крај додадете мед и убаво промешајте.
Смесата оставете ја да отстои преку ноќ во фрижидер.
Употреба: по една супена лажица трипати дневно, пред оброк.
Овој еликсир исто така е добар детокс, го чисти организмот од токсини и поттикнува празнење на цревата. Освен што е добар за коски и зглобови, ја подобрува виталноста на целото тело, а добар е и за ублажување на симптоми од астма.
Напомена: лица кои користат лекови за разредување на крвта, се препорачува да земаат помали дози од смесата, односно мала лажичка. Секој претходно треба да се советува со својот лекар.
ЛЕКОВИТА ОБЛОГА
Освен овој лек, се приготвува и лековита облога за која се потребни еднаква количина од брашно, водка и мед. Смесата (која е потврда од тесто за леб) се нанесува на болното место и се фиксира со проѕирна фолија.
Се остава да делува преку целата ноќ, а следниот дел се вади и се мие со млака вода. Облогите се ставаат паралелно со консумирање на еликсирот во текот на седум дена. Постапката можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ: