Сите кои сакаат потенка половина и да ги намалат масните наслаги од стомакот, обично ги прават познатите “стомачни” вежби : подигнување на горниот дел од телото. Оваа вежба за жал може да го повреди грбот и ‘рбетот.

Доколку имате болки во грбот, најдобро е го заштитите лумбалниот дека, а тоа ќе го направите така што ќе останете “поврзани” со подот додека вежбате.

Затоа положбата “мртва бубачка” е истовремено и заштитна положба, а одлична е за вежбање на стомачните мускули.

Легнете на грб, подигнете ги рацете во вис и испружете ги така што рацете и грбот да бидат под агол од 90 степени. Сега подигнете ги и нозете, со свиткани колена под агол од 90 степени.

Вежбата се изведува така што десната рака ќе ја спуштите назад речиси до подот (зад глава), а истовремено левата нога ќе ја испружите и речиси ќе го допрете подот напред.

Значи, истовремено испружувате спротивна нога и рака, а се обидувате да не го допрете подот. Лумбалниот дел од грбот треба да остане цело време на под.