За повеќето луѓе туширањето вклучува миење на лицето од глава до пети. Иако тоа е најлесниот начин за да се измиете, докторите препорачуваат во текот на туширањето да прескокнете еден дел од телото, а тоа е лицето.

Дерматолозите наведуваат дека лицето е еден од најчувствителните делови од нашето тело, па поради тоа многу е важно внимателно да се мие.

Ако спаѓате во оние кои сакаат да се тушираат во доста топла вода, тогаш прескокнете го лицето, бидејќи врелината може да нанесе долгорочни последици и штета по вашата кожа.

“Врелата вода и топлите испарувања ги шират крвните садови и капиларите, па поради тоа на кожата се јавува црвенило.

Така ризикувате долгорочно да го оштетите нејзиниот изглед, а во најлош случај да предизвикате розацеа”, изјавила докторката Рејќел Назаријан.

Многу топлата вода може исто така, премногу да исуши вашето лице, бидејќи таа дефакто ја отстранува заштитната маст на вашата кожа, што на крај може да доведе до прерана појава на брчки, поради намалување на нивото на природна влажност на кожата од лицето.

Меѓутоа, постои начин како да ја сочувате убавината на вашата кожа, а сепак да го измиете лицето во текот на туширањето.

Тоа ќе го постигнете доколку не се туширате подолго од 10 минути и исклучиво лицето го миете со млака или благо-ладна вода.