Морков и мед: Моќна мешавина за детоксикација на мрзливи црева и свежина на кожата

Овој народен рецепт е познат многу одамна. Посебен ефект има врз мрзливите црева, подуеност на стомакот и гасови.

Кога организмот е во добра состојба, тоа се отсликува и на состојбата на кожата.

Самиот морков има многу позитивни ефекти за организмот благодарение на влакната, витаминот А и бета каротенот кој го содржи во изобилство, а кога ќе го помешате со уште неколку состојки, ќе добиете вистинки мевлем за стомакот.

Овој лек е познат навистина од многу одамна, а се користел при проблеми со цревата, а истовремено и за решавање на проблемите со кожата.

Овој лек успешно ќе го реши проблемот со мрзливи црева, подуеност и создавање на гасови. Еве како се приготвува.

Потребни состојки:

3 поголеми моркови
1 лажица мед
1 прстофат чили во прав (или мелен црн пипер)
1 лажичка маслиново масло

Постапка:

Изрендајте го морковот во еден сад, па додадете ги и останатите состојки. Мешајте додека да се соединат – и лекот за мрзливи црева е готов за употреба.

Се препорачува оваа мешавина да се јаде наместо појадок, а потребно е да се консумира половина час после будењето.

За 10 дена со редовна примена, ќе забележите огромно подобрување и чувство на леснотија во кожата.

Loading...