Белорускиот манастор Света Јелисавета ги има сочувано записите со лековити рецепти, стари неколку векови.

Голем број православни манастири и денес ја чуваат древната традиција. Еден од нив е манастирот Света Јелисавета кој се наоѓа во Минск, главниот град на Белорусија. Монахињите прават билни лекови врз основа на старински рецепти.

Монахињите од белорускиот манастир Света Јелисавета прават билни лекови кои помагаат во борбата против многу болести.

Како што истакнуваат сестрите, нивните чаеви и балзами не се толку ефикасни само поради ретките билки, туку и поради молитвите кои поседуваат исцелителна моќ.

Многувековното искуство овде се спојува со современите знаења: Монахињите кои се занимаваат со производство на лекови се стручни од областа на фармакологијата, биологијата и медицината.

Ретките билки за чаеви и мевлеми монахињите ги набавуваат претежно од Белорусија и помалку од Русија. Од Сибир се снабдуваат со ценетата кедрова смола, од Алтајските планини – чудотворното мумио и “бороваја матка” која лекува неплодност.

Една од состојките на манастирските чаеви е чагата – брезова габа која поседува антитумоски својства. Освен чаевите, монахињите прават и капки за нос, спрејови за грло, масти, фитолосиони, билни шампони против опаѓање на косата.

Производството е големо, но побарувачката уште поголема. Како и во старите времиња луѓето доаѓаат во манастирот за да добијат лек за своите тегоби. Еве неколку од нивните рецепти кои сами луѓето можат да си приготват.

ЗА БОЛКА ВО ГРЛОТО – КАМИЛИЦА ВО МЛЕКО

Загрејте една шолја млеко да зоврие, па ставете 1-2 кесички камилица (или една полна супена лажица). Додадете малку путер и мед. Пијте топло, во мали голтки.

АНАСОН И МЕД

Половина чаша семе од анасон прелијте со чаша вода и гответе 15 минути. Потоа процедете го напитокот, вратете го на оган, па додадете ¼ чаша мед. Гответе уште малку на тивко, па додадете супена лажица коњак. Консумирајте супена лажица чај на секои половина час.

ЧЕТИРИ РЕЦЕПТ ЗА КАШЛИЦА

1.Во керамички сад изгмечете 20 г прополис со иста количина путер. Додадете 60 г масло, па добро промешајте. Натопете памукчиња кои ќе ги ставите како тампони во носот наутро и навечер. Оставете да делуваат 15 минути.

2.Направете смеса од прополис во прав (5 г), масло од кучешки трн (30 г), сок од невен (20 г), масло од какао (15 г) и мед (10 г). Со оваа смеса натопете тампони од памук и ставете ги во нос да делуваат 20 минути.

3.Измешајте тинктура од прополис, свежо исцеден сок од цвекло и морков. Ставете по неколку капки во секоја носница.

4.Во чаша топло млеко додадете 2 чајни лажички тинктура од прополис и чајна лажичка мед. Напитокот се пие навечер.