Црниот дроб е многу важен орган, бидејќи тој влијае врз здравјето на сите останати органи и генерално врз целиот организам.

Црниот дроб ја филтрира крвта, ги елиминира штетните токсини од организмот. Истовремено црниот дроб учествува во варењето и производството на одредени ензими, па затоа е неопходно да се води сметка за неговото здравје.

Црниот дроб е универзален филтер на нашето тело. Ако не се одржува правилно, може да се “умори” од претеран стрес предизвикан од неухранетост, злоупотреба на алкохол и други фактори.

Ако црниот дроб има ослабена активност, тогаш не може во целост да си ја врши својата функција и затоа доаѓа до метаболички пореметувања и зголемување на телесната тежина.

Еднаков важен орган е и жолчното кесе, од носно жолчниот сок кој помага во дигестија и разложување на мастите.

Одржувањето на здравјето на овие органи е многу важно, а во тоа најдобро помагаат одредени намирници, но и напитоци кои имаат моќ да ги прочистуваат и да им помогнат на наталожените токсини.

На НМД веќе имаме пишувано за црната ротквица и за начинот на приготвување на овој стар народен рецепт. Еве како се приготвува:

1.Начин: Можете да ја издлабете ротквицата, па во неа да ставите мед или интегрален шеќер, а следниот ден да го испиете течноста која ќе се ислободи и помеша со медот.

2.Начин: Ротквицата изрендајте ја, измешајте со интегралниот шеќер или мед (1:1) и оставете додека да го ослободи сокот. Испијте ја течноста наутро, пред оброк.

Овој напиток најмногу поттикнува исфрлање на наталожените токсини, а најчесто се користи кај пореметувања на работата на жолчната кеса.

Поради високата содржина на протеини, јаглени хидрати, масти, целулоза и многубројни минерали, се смета за намирница која зазема високо место во пирамидата на исхраната.

Освен сокот од црна ротквица, и овие два напитоци успешно ја подобруваат работата на црниот дроб:

1.ЧАЈ ОД КИМ

Една лажичка ким прелијте ги со шолја врела вода. После 10-15 минути процедете. Пијте 2-3 пати, пред јадење или помеѓу оброците.

2.ЧАЈ ОД ЛАВАНДА

Една лажичка сув цвет од лаванда прелијте со шолја зовриена вода и оставете да отстои 5-10 минути. Пијте половина шолја 2 пати на ден.