Плазма торта со крем бананчиња и јафа – едноставна, брза и вкусна

Едноставна торта со одличен вкус. Децата ја обожуваат, а ја сакаат и возрасните. Во видеото не е нагласено, но најдобро е да се остави тортата преку ноќ во фрижидер да се стегне и убаво да излади.

Потребни состојки: 125 г путер или маргарин, 50 г шеќер во прав, 300 г мелена плазма и 70 мл сок од портокал

За фил: 800 мл млеко, 3 пудинг од ванила, 4-5 лажици шеќер, 125 г путер или маргарин, 70-100 г шеќер во прав, 125 г шлаг пена, 200 г јафа кекси и 150 г крем банани

За декорација: малку чоколадо, 1 шлаг пена (40 г) по желба (колачот се приготвува во калап бр.22)

Постапка: Сварете го пудингот вообичаено: во малку млеко разматете го прашокот за пудинг, а остатокот задно со шеќерот ставете ги на оган. Кога ќе зоврие додадете го разматениот пудинг и постојано мешајте додека да се згусне. Сварениот пудинг тргнете го на страна, покријте го со проѕирна фолија и оставете го да излади.

Пригответе ја кората/основата: во посебен сад пенасто изматете 125 г омекнат путер со 50 г шеќер во прав. Потоа додадете 300 г мелена плазма и промешајте со шпатула за да се изедначи во ровка смеса. Замесете со раце, па полека додавајте го сокот од портокал додека да добиете компактна смеса.

Смесата рамномерно распоредете ја во калап бр.22 намастен со путер на дното и обрачот или обложен со хартија за печење. Убаво израмнете и пртиснете со лажицата.

Во посебен сад пенасто изматете 125 г путер со 70-100 г шеќер во прав. Изладениот пудинг изматете го, па во него постепено додавајте го изматениот путер и соединете ги во мазен крем.

За декорација изматете 150 г шлаг пена според упатството на кесичката. Филот поделете го на два дела и во секој додадете по две лажици од изматената шлаг пена. Промешајте за да се соединат. Во едниот дел додадете 200 г исечкани јафа (ресани), а во другиот исечкани 8 крем бананчиња (15 г). Соединете.

Редење: Врз кората распоредете го филот со јафа кексите и убаво израмнете за да нема воздушни џепови. Потоа нанесете го и вториот фил со крем банани и убаво израмнете. Најпосле премачкајте со шлаг.

Доколку сакате, откако ќе ја изладите тортата и ќе го отстраните обрачот, премачкајте ја целата торта и од страните со уште еден изматен шлаг крем. Украсете по желба. Деталите од приготвувањето можее да ги погледнете во видеото:

Претходна статијаМоќна тинктура која ги пржи мастите на стомакот и ги чисти артериите од штетните наслаги
Следна статијаЧоколаден пудинг колач – Сочен и превкусен, постар рецепт, одличен десерт