Нема потреба од сукање и многу месење, а добивате вкусна и мека пита со сирење.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
700 г брашно
1 инстант квасец
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
2 јајца
350 мл топла вода +-
ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ:
80 г путер
80 г маргарин за премачкување
400 г сирење
и УШТЕ:
1 жолчка
Малку сусам
ПОСТАПКА:
Од брашното, квасецот, солта, шеќерот, јајцата и топлата вода замесете меко тесто. Оставете половина час да одмори, па поделете на 6 топчиња.
Маргаринот и путерот растопете ги. Првото топче развлечете го со величина на плехот, претходно намастен со путер.
Кората исто така премачкајте ја со растопен путер, па наросете со сирење (свежо сирење или фета).
Постапката повторувајте ја додека состојките да ги потрошите.
Потоа питата исечете ја на ромбови или по желба.
Последната кора премачкајте ја со растопен путер, па со изматена жолчка и наросете со сусам.
Оставете околу половина час на топло, па печете во загреана рерна на 200 степени околу 45 минути.
Печената пита оставете ја 5-6 минути да одмори, па послужете.
Коментар на Наташа Јовановска:
”Рецепт за уште (по) Брза Пита 😉 : 2 јајца, сол, пециво, 1 чаша (200мл) зејтин, 1/2 чаша јогурт, 3 чаши брашно. Сето ова се меша, внатре по вкус се додава сирење, шунка… Одозгора се поросува со сусам. Се пече во намастено тавче.”