Меѓу задолжителните мерки за заштита од корона вирусот, се препорачува и носење на заштитни маски и ракавици.

Меѓутоа, забележано е дека многумина истите ги користат многу погрешно. На погрешен начин ги ставаат и вадат, не се придржуваат до времетраењето за носење на истите и слично, со што се ставаат во уште поголема опасност од заразување.

Многу е важно од каков материјал се направени маските и според тоа колку долго ќе ги носите. Според тоа, д-р Андреја Трампужа го објасни следното:

Заштитната маска може да се носи најдолго три часа. После тоа време, таа станува влажна, а со самото тоа и порозна и неефикасна во заштитата – објаснува д-р Трампуж.

Важно е правилно да се стави, како маската, така и ракавиците. Кај маските најважно е да не се допира ниеден дел од неа освен ластичињата за уши, но и ракавиците да ги допирате само од надворешна страна.

Кога ги вадите, првата ракавица лесно извлечете ја од надворешна страна, а за втората ракавица мора да бидете многу внимателни: еден прст внимателно пикнете го од внатрешна страна, а потоа извлечете ја ракавицата без да го допрете надворешниот дел.

Погледнете ги видеата, како правилно се употребуваат заштитните маски и ракавици: