Многу вкусна чорба од тиквички, се приготвува брзо, ќе уживате во вкусот!

Од фантастичните тиквички можете да приготвувате голем број разни вкусни јадења, а ова секако е едно од нив. Многу е економично, а здраво е и хранливо за стомакот. Се прилагодува на сечиј вкус, бидејќи може да ја правите погуста или потечна чорбата.

Потребни состојки:

1 поголема тиквичка или две помали

2 моркови

2 компири

1 поголема главица кромид

1 лажица сув зеленчуков зачин, црн пипер по вкус

50 мл масло (во пост на вода не ставајте масло)

½ лажица мелен црвен пипер

1 лажица брашно (обично или пченкарно)

Постапка:

Исечкајте го ситно кромидот, па на масло или на малку вода продинстајте го. Додадете сечкан или рендан морков, сечкан компир, налијте вода да се покрие зеленчукот, додадете сув зачин и оставете да се вари на умерен оган.

Кога ќе биде на половина готвено додадете исчистена и исечкана тиквичка на коцкички.

Налијте уште вода, сето да биде прелиено, додадете пипер и оставете да се готви додека да биде зготвено.

Кога зеленчукот е омекнат, додадете уште малку вода, па разматете една лажица брашно со малку вода и додадете во варивото. Оставете уште 5 минути да се вари на тивко, по желба зачинете уште со некој зачин, лист од магдонос, па тргнете од оган.

Loading...