Сладолед торта за 15 минути – “МРЗЛИВ МАЖ”

loading...

Да ви кажам искрено многу се насмеав кога го дознав името на тортава. Бев на гости кај пријателка и кога ме послужи со тортата-сладолед многу ме воодушеви вкусот.

Веднаш побарав рецепт и кога требаше да го запишам името, таа мртва ладна ми рече: МРЗЛИВ МАЖ.

Веднаш почнав да се смеам, не знам зошто, ете, многу смешно ми дојде.

loading...

Подоцна пријателката ми призна дека вистинското име на тортата е МРЗЛИВА ЖЕНА, но таа од инает го променила името.

Како и да е, мрзлив маж или жена, тортата е превкусна, а рецептот е лесен и едноставно се приготвува.

Во продолжение имате и видео, па можете да ја погледнете целата постапка од приготвувањето.

Преубава торта која ако ја чувате во фрижидер може да биде кремаста, а ако ја ставите во замрзнувач ќе добиете превкусен сладолед.

Потребни состојки:

500 мл слатка павлака
300 мл кисела павлака
Шеќер во прав по вкус.

Постапка:

Слатката павлака изматете ја со миксер во цврст шлаг. Потоа додадете ја киселата павлака и продолжете со матење.

Смесата поделете ја на 3 еднакви делови.

Во првиот дел ставете 250 г еурокрем и матете со миксер.

Во вториот дел ставете 300 г мелени бисквити + шеќер во прав по вкус и матете со миксер.

Во третиот дел ставете 300 г малини или јагоди или друго овошје + шер во прав по вкус.

Обложете го калапот со проѕирна фолија и започнете со редење на филовите.

Пред послужување тортата ставете ја во фрижидер неколку часови а во замрзнувач 1,5 час.

Одозгора украсете со чоколаден прелив.

Димензии на калапот се 26х12 см.

Деталите погледнете ги во видеото:

loading...