Јувки со павлака и јајца во рерна! Децата секој ден сакаат да им ги правам

Совршена идеја за појадок или предјадење! Секако, може да се сервира и како брз ручек.

Потребни состојки:

200-300 г јувки
3 јајца
200 г сирење
Малку кашкавал
200 мл јогурт
1 лажица павлака
Малку масло

Постапка:

Јувките сварете ги во вода со малку сол, . Не претерувајте, внимавајте да не ги преварите.

Варените јувки процедете ги, па во нив ставете малку масло или путер и промешајте.

Сирењето издробете го, додадете јајца, јогурт и павлака, па мешајте за да се изедначи смесата.

Во јувките ставете го приготвеното сирење, но не цело, оставете малку. Добро промешајте и ставете во намастен сад.

Одозгора ставете го она што преостана од сирењето и убаво со лажица изедначете.
Нарендајте малку кашкавал. Печете на 200 степени околу 30 минути.

Деталите погледнете ги во видеото.

Loading...