Ако во замрзнувачот имате малини, или уште подобро свежи, не двоумете се и направете го овој колач. нема да ве чини многу, постапката е едноставна, а сепак добивате фини коцки кои изгледаат многу луксузно. Еве што ви е потребно според рецептот на „Муцика“:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за бисквит: околу 170 г брашно, 140 г шеќер (кристал), 1/4 лажичка сол, 1 жолчка од јајце, 1 лажичка прашок за печиво, 75 г путер

За фил: 400 г малини, 400 г кисела павлака, 1,5 лажици брашно, 3 јајца, 100 г шеќер (кристал), 1 кесичка ванилин шеќер

ПОСТАПКА: Направете го тестото, а потоа филот. Во еден сад измешајте ги сувите состојки: ставете го просеаното брашно, шеќерот, солта и прашокот за печиво.

Растопете го путерот и додајте го во сувите состојки заедно со жолчката. Измешајте ги состојките додека да добиете тесто кое лесно се обликува.

По потреба додајте една лажица кисело млеко или обично млеко, ако тестото ви е суво како трошки, или пак уште малку брашно ако ви е лепливо. Ставете го во кеса и оставете го одмори во фрижидер половина час.

Плех или калап со приближна големина на 20х30 см (може и со кружен облик како за торта) намастете го и посипете го со брашно. Тестото притиснете го на рамномерно на дното и малку подигнете ги страните.

Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 7-8 мин. За тоа време направете го филот: измешајте ја павлаката со брашно, јајца, шеќер, ванилин шеќер. Сето ова можете да го измешате и со лажица.

Извадете го полупеченото тесто од рерна, наредете ги малините во еден слој (ако се замрзнати не треба да ги одмрзнувате).

Смесата со павлаката прелијте ја врз малините. Повторно ставете го во рерна да се допече уште 20 минути, често проверувајте дали се стегнало, бидејќи зависи од количината на вода во кремот.

Оставете го целосно да се излади, па сечете го на коцки и послужете. / Сооlinarika.сom