Дали некогаш сте позавиделе на нечиј мирис на алишта и сте се запрашале како успеваат да постигнат толку пријатен мирис, а без парфем?

Можеби сте помисличе дека не користите добар прашок за перење и омекнувач, но можеби нивната „тајна“ се крие во најновиот „изум“ кој неодамна беше пласиран на пазарот.

Набавката на миризливи гранули или топчиња за перење „оживеа“ во маркетите, продавниците и бројните аптеки.

Полиците на продавниците се полни, има повеќе видови и сè повеќе жени ги купуваат. За што всушност се тие, за што служат и како се користат? Мирисните гранули за перење всушност се засилувач на мирисот за време на перењето.

Најдобро е да ги изберете оние кои имаат ист мирис како омекнувачот што веќе го користите, за да не се измешаат различните мириси и да не ви дадат несакан резултат.

Овие гранули ветуваат мирис до 12 недели по миењето и се безбедни за сите бои и ткаенини! Тие се многу лесни за употреба: пред да ја наполните машината за перење со облека, истурете ги гранулите во капачето од пакувањето и посипете ги во барабанот.

Ставете ги алиштата што сакате да ги исперете, вклучете ја саканата програма и тоа е сè!

Веднаш штом ќе заврши перењето, ќе забележите колку мирисот е зголемен веднаш по отворањето на машината за перење! Меѓутоа, ако не чувствувате ништо, тогаш внимателно проверете ја гумата што се наоѓа на отворот на машината.

Ако не сте го измиле повеќе од половина година, направете го тоа веднаш!

Гумата, која создава вакуум кога ја затворате вратата на машината, може да стане вистински рај за мувла и бактерии кои се собираат таму.

Во наборите на гумата се задржува вода, нечистотија и делови од ткаенината на алиштата, што создава идеални услови за развој на микроорганизми. Темелно бришете ја внатрешноста на гумата со разреден алкохол најмалку еднаш месечно.

Ако перете алишта на пониска температура, повремено вклучете ја машината празна, на максимум 90 степени за топлата вода да го исчисти и барабанот.

Погледнете како се користат миризливи гранули за перење ОВДЕ.