Нутриционистите главно се сложни во тврдењето дека со наголемување на возраста, треба да се намали консумацијата на млекото, а особено постарите лица треба целосно да го исклучат од својата исхрана, наспроти општоприфатеното мислење дека тоа ќе им помогне во зачувување на здравјето на коските.




Млекото е една од намирниците за чии здравствени придобивки (или штети) лекарите и нутриционистите не се согласуваат. Некои предупредуваат дека казеинот, главната состојка во млекото, е исклучително ште-тен по здравјето и дека, соодветно, треба да се избегнува. Други, пак, истакнуваат дека ризницата на хранливи материи е незаменлива за благосостојбата на организмот.




Неодамнешното истражување сугерира дека група луѓе треба да го избегнуваат. Лекарите истакнуваат дека оваа намирница претставува голем ризик за здравјето на луѓето, особено за оние кои секојдневно пијат млеко, а се во поодминати години.




Долги години се веруваше дека кравјото млеко е добро за сите луѓе, без оглед на возраста и присуството на хронични заболувања. Оваа намирница се сметаше за ризница на корисни витамини и минерали – калциум, магнезиум, фосфор, калиум, натриум, витамини од групата Б, како и А, Д, Е и К. Покрај тоа, природниот производ содржи корисни протеини, млечен шеќер (лактоза), како и ензими кои помагаат во варењето и нормализирање на дигестивниот тракт.




Затоа педијатрите советуваат во детското мени да се вклучат млеко и производи од него. Возрасните исто така ги сакаат млечните производи, а сирењето, јогуртот, киселото млеко, павлаката, кајмакот, кефирот и други слични намирници се сметаат за едни од омилените.




Ш тетно за една група луѓе

И покрај толку голема попу-ларност, лекарите инсистираат на тоа дека млекото не е добро за секого. Посебно внимателни треба да бидат постарите луѓе. Дури и една чаша млеко во некои случаи може да претставува за-кана по здравјето на оваа група луѓе.




Една од главните причини зошто постарите луѓе конcyмираат млеко и млечни производи е за зајакнување на коските, но нутриционистот Алексеј Ковалков вели дека ова мислење е погрешно и дека постарите лица над 60 години треба целосно да го исфрлат од исхраната.




„Факт е дека максималната апсорпција на калциум се случува без грешка во комбинација со фосфор, магнезиум, витамин Д, витамин К2. Ако овие микроелементи не се доволни, тогаш бескорисно е да се надеваме на „чу-десната“ м оќ на млекото“, вели нутриционистот.




Посочува и дека е потребно да се прават анализи за точно да се дијагностицира недостатокот или вишокот на некој од овие елементи во организмот. Според него, „превентивното“ дневно пиење чаша и повеќе од овој пијалак може само да му наш-тети на телото.




„Ако некое лице нема доволно фосфор во телото, тогаш калциумот нема да се апcopбира. Наместо тоа, тој ќе се таложи на ѕидовите на кр-вните садови, што ќе доведе до калцификација на срцевите залистоци. Истиот процес ќе се случи внатре во садовите, со што тие ќе стануваат сè поош-тетени.




Нема да можат навремено и правилно да одговорат на напливот на притисок кој е типичен за постарите луѓе. Затоа, притисокот ќе се зголемува почесто, бидејќи сите знаеме дека има сериозни последици по здравјето“, предупредува Ковалков. додавајќи дека она што е најлошо во оваа ситуација е тоа што лицето ќе го лекува високиот кр-вен притисок, не знаејќи која е главната причина.

Според него, најдобро е сите постари од 60 години да престанат да конcyмираат млеко и млечни производи, што ќе помогне да се зачува здравјето на кр-вните садови, а со тоа и на срцето.