Направете го овој сладолед за кој веруваме дека ќе бидете воодушевени од едноставната постапка за приготвување, но и од предобриот вкус.

Подолу можете да го погледнете и видеото од подготовката во кое се приготвува половина од дозата.

Потребни состојки: 250 г шлаг, 500 мл млеко, 500 мл јогурт, 150 г шеќер, 50 г чоколадо за готвење, 2-3 лажици слатка павлака, малку малини, малку плазма кекси

За 4 кг сладолед: 500 г шлаг, 1 литар млеко, 1 литар јогурт и 300 г шеќер. По желба додадете чоколадо, малини, јагоди, банани, бисквити, карамел…

Постапка: најпрво во еден подлабок сад изматете 250 г шлаг со 500 мл млеко. Кога ќе добиете шлаг тргнете го садот на страна.

Во друг сад изматете 500 мл јогурт со 150 г шеќер, додека шеќерот да се растопи. Потоа постепено овој јогурт додајте го во изматениот шлаг и матете постојано за да се соединат.

Малку малини со шеќер ставете на оган да зовријат. Во друг сад растопете 50 г чоколадо со малку слатка павлака.

Добиениот шлаг поделете го на два или три дела: Во првиот дел додајте го чоколадото и изматете за да се соедини, во вториот малините, во третиот мелените бисквити или некоја друга арома по ваш вкус.

Вака приготвениот крем претурете го во пластични садови и ставете ги во длабоко замрзнување да се стегнат 2-3 часа.

Постапката погледнете ја во видеото: