БЕЗ печење – БЕЗ желатин – БЕЗ јајца – Одличен млечен ДЕСЕРТ за 5 минути кој можете да го послужите со кафе или чај. Лесен десерт кој се топи во уста. Ако немате доволно време за готвење и секогаш сте во брзање, овој едноставен рецепт е токму за вас. Млечен десерт – пудинг од чоколаден крем за целото семејство.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар млеко, 170 г шеќер (3/4 чаша), 130 г брашно (1 чаша), 60 г пченкарен скроб (1/2 чаша), 10 г ванилин шеќер (1 лажица), 50 г путер/маргарин, 100 г печени кикирики, 75 г чоколадо.





ПОСТАПКА: Во големо тенџере истурете го млекото и додајте го шеќерот, брашното, скробот и ванилиниот шеќер. Измешајте со жица или маталка додека да се соединат состојките, па ставете на рингла и почекајте млекото да зоврие со повремено промешување.




По зовривање на млекото, започнете константно да ги мешате состојките додека смесата да се згусне како пудинг. Потоа тргнете од рингла и врелиот пудинг распоредете го во неколку чашки, така што ќе додавате иста количина во секоја чаша (може да наполните до горе во чаша од 180 мл).




Ставете ги чашите со пудинг во фрижидер и оставете ги извесно време додека пудингот да се стегне како желе. Кога ќе се стегне смесата, извадете ја секоја посебно од чашите и пресечете на половина доколку е потребно. Секое колаче треба да има дебелина од 1,5 до 2 прсти.




Излупените кикирики исечкајте ги ситно на дрвена даска или изблендирајте ги во блендер. Валкајте го секое колаче по страните, па редете ги на една чинија. Чоколадото растопете го во микровална печка или на пареа, и одозгора глазирајте.




На крајот наросете со минимално кокосови снегулки по желба. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ, а во продолжение прочитајте уште еден рецепт кој се приготвува за 10 минути:




Едноставен колач со кекси и пудинг за 10 минути без печење. Ова е нешто лесно, толку едноставно (особено за дамите кои немаат многу искуство во приготвување на комплицирани колачи, ниту време), а толку чоколадно и кремасто…- Гордана.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1,5 литар млеко, 100 г чоколадо за готвење, 4 пудинг со вкус на чоколадо, 8 лажици шеќер, 300 г петит кекси, 2 ванилин шеќер.




ПОСТАПКА: Во 300 мл млеко додајте го прашокот од пудинзите и промешајте за да се изедначи и да нема грутчиња, а остатокот (1,2 л) ставете го на оган заедно со шеќерот и ванилата. Кога ќе зоврие додајте го разматениот пудинг и мешајте додека да се свари згусне.




Во сварениот пудинг додека сè уште е топол додајте го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека да се растопи и инкорпорира во пудингот. Во посебен сад искршете ги кексите и прелијте ги со сварениот (топол) пудинг. Добро промешајте да се изедначи.




Смесата излејте ја во калап или плех претходно обложен со проѕирна или алу-фолија и оставете да се олади, најпрво на собна температура, а потоа и во фрижидер. Добро изладениот колач превртете го врз чинија за сервирање и украсете го по желба со чоколадо или шлаг, но не мора. / Coolinarika.com