Фото и рецепт: Елена Ангелевска

Потребни состојки:

1 путер/маргарин

1 чаша (за млеко) шеќер

2 јајца

1 жолчка

1/2 чаша ладно млеко

1/2 чаша масло

1 прашок за печиво

Брашно по потреба

Постапка:

Путерот се мати со една чаша шеќер, па се додаваат две јајца и една жолчка, млеко, масло, прашок за печиво и брашно по потреба.

За замесува тестото и се расукува кора.

Од кората со модли се вадат различни форми.

Белката се мати со виљушка со две лажици шеќер, па се мачкаат сусамките одозгора, па се наросуваат со сусам.

Се печат додека да заруменат.

Фото и рецепт: Елена Ангелевска