Фини, меки, мирисни кифлички со сирење, многу поубави отколку од пекарница, однадвор крцкави а одвнатре меки како памук. Сите ќе ви го бараат рецептот:

Потребни состојки: 600-700 г брашно, 30 г квасец, 100 г путер/маргарин, ½ прашок за печиво, сусамово семе или семпи по ваш избор, 1 лажица шеќер, сол, 3 јајца, 200 г фета сирење издробено со виљушка + 1 жолчка од јајце, 100 г масло и 1 кисело млеко

Постапка: Квасецот издробете го и потопете го во малку млако млеко со една лажица шеќер и оставете го да се активира. Потоа во еден сад ставете кисело млеко и остатокот од млакото млеко, малку да се смлачат.

Во квасецот ставете ги јајцата и со жица изматете ги, па додадете ги млеката и соединете. Потоа додадете еден филџан за кафе масло.

Во смесата додадете брашно, сол и прашок за печиво, па замесете убаво меко тесто. Оставете го да го удвои волуменот, па потоа премесете го.

Тестото развлечете го во правоаголна кора која ќе ја премачкате одозгора со путер. Исечете коцки, а секоја коцка исечете ја на лентички, но не до крај. Филувајте и виткајте во кифли.

Кифлите редете ги во плех обложен со хартија. Одозгора премачкајте ги со белка и наросете ги со сусам и ким, па печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 20-30 минути.

Деталите погледнете ги во видеото: