Кремаст, непечен колач кој ќе ве освои со првиот залак – излегува голема количина

Прекрасно задоволство!

Потребни состојки:

350 г бисквити по ваш избор
4 лажици растопен путер/маргарин
4 лажици истостирани мелени лешници
2-3 лажици вода

За крем:

400 г АБЦ сирење
3 лажици Линолада
150 мл засладено кондензирано млеко
100 г растопено темно чоколадо
600 мл слатка павлака

За чоколаден прелив:

Loading...

150 г чоколадо по ваша желба
100 мл слатка павлака
50 мл засладено кондензирано млеко

Постапка:

Во блендер издробете ги бисквитите, додадете растопен путер, лешници и вода. Смесата втиснете ја во калап 20х30 и оставете во фрижидер да се стегне.

Желатинот натопете го според упатството да набубри. Измиксајте го АБЦ сирењето, кондензираното млеко, линоладата, растопеното чоколадо.

Изматете шлаг и додадете го во кремот од сирење. Додадете и растопен желатин, малку по малку со постојано мешање. Немојте се одеднаш да ставите). Приготвената смеса ставете ја врз кората, израмнете и ставете во фрижидер да се стегне.

За чоколаден прелив: загрејте го млекото и слатката павлака, да не зоврие, па додадете го чоколадото да се растопи. Прелијте преку тортата. Целиот колач добро изладете го пред сервирање.

Loading...