Испробајте ги овие мини питички со месо, подобри од бурек. Се приготвуваат со готови кори и затоа постапката е многу брза, а вкусот е подобар дури и од пита буреците во најдобрите бурекчилници. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г кори за пита, 50 г кромид, 1 лажица маст, 500 г мелено месо, сол, 50 мл масло, 100 мл млеко, 1 лажичка прашок за печиво, 2 лажици гриз, 2 јајца, сол, црн пипер, зеленчуков зачин по вкус

ПОСТАПКА: Една главица кромид ситно исечкајте ја, па пропржете ја на една лажица маст или малко масло. Посолете и донстајте го на умерена температура под капак, неколку минути. Кога кромидот ќе омекне додајте го меленото месо.

Зачинете го и пржете го неколку минути додека да ја смени бојата и да испари вишокот течност. Тргнете го настрана и оставете да се олади. Во посебен сад скршете две јајца, додајте сол и изматете.

Додајте млеко, масло, гриз, прашок за печење и продолжете со матење додека смесата да се изедначи. На работна површина отворете ги корите и пребројте ги. Поделете ги така што секој ролат да содржи по три кори.

Земете една кора и врз цела површина наросете од преливот со јајца. Поклопете со втора кора и повторете ја постапката. Поклопете со трета кора, па ставете фил од месо. Внимателно свиткајте ролат без премногу да ги стегате корите.

Ролатите редете ги во плех обложен со хартија за печење и малку намастен. Потоа исечете ги на помали питички со големина по ваша желба. Одозгора премачкјате ги со остатокот од преливот од јајца.

Ставете да се пече 20-тина минути во претходно загреана на 200 степени, или додека убаво да зарумени. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Мини пити со месо, навистина многу вкусни, прсти да излижеш“ – ОВДЕ.

Мини пити со месо, навистина многу вкусни, прсти да излижеш