Исклучително вкусни мини питички со месо. Фантазија, мора да ги пробате.

Потребни состојки:

500 г мелено месо
1 лажичка сол, црн пипер
500 г кромид (2 големи главици)
500 г готови кори за пита
350 г газирана вода
130 мл масло

постапка:

Во тава загрејте 100 мл масло, па запржете го меленото месо околу 5 минути. Посолете. Кромидот ситно исечкајте го на коцкички, па додајте го во пропрженото мелено месо.

Промешајте и динстајте уште околу 10 минути. Зачинете со црн пипер во прав. Исклучете го огнот и оставете да излади околу 15 минути.

На работна маса отворете ги корите и додека се свиткани во ролна пресечете ги на половина. Плехот во кој ќе ги печите мини питите намастете го со путер. Во друг сад ставете 350 мл газирана вода и 3 супени лажици масло (30 мл). Промешајте.

Врз една кора (која сега е долгнавеста и правоаголна) нанесете една лажица од смесата со вода и масло и околу една лажица рамномерно распореден фил од мелено месо.

Со помош на стапче за ражен свиткајте ја кората во ролна, а потоа со истискување извлечете го стапчето, а питичката во вид на гасеница наредете ја во плехот. Повторете ја постапката со останатите кори, а за да ви биде појасно погледнете го видеото, како тоа се прави.

Со преостаната течност од приближно 150 мл, прелијте ги питите одозгора. Ставете да се пече во загреана рерна на 220 степени околу 35 минути. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.