Освен што ова дрво е добро за лекување на бубрежни болести, инфекции и слично, Обичната смрадлика или попозната во регионот како Рујевина, помага и за слабеење.

Смрадликата е богата со танини и затоа се користи при крвавења, дијареа, колитис, пародонтоза, забоболка, ангина. Поради танините погодна е како чај да се пие при дијареа. Се употребува при губиток на коса и потење на нозе.

Се покажала ефикасна за вагинално испирање, киселини во желудник, гаргарење. Обичната смрадлика е далеку најдобриот лек за простата, болести на мочен меур, бубрези и бактерии во уринарниот тракт, ешерихија коли клебсиела, протеус.

Чајот мора да се користи со консултација на лекар, особено доколку истовремено се користи и медикаментонозна терапија. На НМД имавме објавено сторија од човек кој ја користел оваа билка за лекување на бубрезите, па истата можете да ја проследите во продолжение.

Милорад од Орашје пишува:

Ми беше опериран малиген тумор на срцевината од бубрегот, па така останав без еден бубрег, а другиот работеше само 40%, со константна крв во урината, што гледам дека не е реткост меѓу луѓето и читателите на интернет.

Докторите ми рекоа дека морам да започнам со дијализа за да ги исфрлам токсичните материи од организмот кои преостануваа, бидејќи мојот бубрег не можеше тоа да го направи.

Ова требаше да трае додека да се подобри состојбата, а ако не се подобреше, тогаш ќе ме ставеа на листата за трансплантација, а тоа значеше и моја смрт.

Слушнав приказна за некое дрво кое било најдобро за слабост на бубрези, уринарни канали, крв… па истото го пронајдов и тоа многу евтино (1 евро) за ќесичка исечкани гранчиња.

Треба да бидат од полно, квалитетно дрво, исечени од здраво дрво, полно со сок, така што гранчињата да го задржат тој сок и кога ќе се исушат можете да добиете квалитетно црвенкасто-црно обоен чај, кој е толку силен што ги фарба садовите во кои се вари, но го опоравува организмот за неколку денови.

Чајот се прави од дрвото Обична смрадлика, (Рујевина, Cotinus coggygria).

Ставете парче дрво од 3-4 см или компактно или исечкано, во еден литар ладна вода, да проврие околу 20 минути, па оставете да преноќи.

Следниот ден пијте трипати дневно по една голема шолја, иако може да пиете и почесто, во зависност од тоа што сакате да постигнете. Пред употреба можете да го загреете чајот. Ќе видите дека ова е вистинскиот чај. Понекогаш нештото е толку евтино и блиску, а ние не го забележуваме во морето од лаги.

Нема да се покаете бидејќи не може да одмогне. Мојот бубрег работи нормално, а докторите не можеа да веруваат дека се ослободив од хематуријата и дека не мора да одам на трансплантација, а чајот го пијам секој ден и понатаму.