МИНИ ПИДЕ…Толку се вкусни што секој ќе ви побара рецепт…Можете да ги замрзнувате и да ги вадите по потреба…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, мала чајна чаша од 120 мл):
За тесто:
1 чаша топло млеко
1 чаша топла вода
1/2 мала чајна чаша масло
1 лажица шеќер
1,5 лажички сол
1 кесичка (10 грама) квасец
брашно по потреба (6-7 чаши)
За смесата од мелено месо:
500 г масно мелено месо
2 главици кромид со средна големина (ситно сечкани)
2 – 3 домати (ситно сечкани)
3 – 4 зелени пиперки (ситно сечкани)
2 чешниња лук
1 рака магдонос (ситно сечкан)
2 лажици масло (додадов уште малку затоа што ми се допаѓа помрсно)
2 лажици доматна паста
малку газирана вода по потреба
1 лажичка сол
1 лажичка чили пиперка
1 лажичка црвен пипер во прав
За премачкување на питичките:
1 јајце
ПОСТАПКА:
1.Наведените состојки освен брашното се ставаат во садот за месење и се мешаат. Додавајте малку по малку брашно и замесете меко тесто.
2.Покријте го тестото и оставете го да ферментира околу 1 час, додека убаво да го зголеми волуменот.
3.Сите состојки за филот сипете ги во подлабок сад и добро замесете со рака за да се изедначи.
4.Извадете го воздухот од ферментираното тесто и направете мали топчиња. Секое развлечете го со рака на набрашнета работна површина и на средина ставете го филот.
5. Спојте ги краевите и обликувајте ги во пита-чамче (пиде), оставајќи ја средината отворена. Подготвените печива ставете ги на плех обложен со хартија за печење.
6.На рабовите нанесете жолчка и ставете да се пече во загреана рерна на 230 степени додека да зарумени. Постапката погледнете ја на Инстаграм ОВДЕ.
https://www.instagram.com/reel/CZ7URzeKlB8/?igsh=ODU0Z21xbGlodHYw