Милан од Србија, кој неодамна стана познат на социјалните мрежи по тоа што успеа да ослабе 45 кг за само 6 месеци ги популаризира неговите совети за слабеење на неговиот јутјуб канал (@STOMAKiJA), а резултатите може да ги видите на Инстаграм страната со истото име.

Очигледно е дека неговиот начин на исхрана успешно влијаел врз топењето на килограмите, но како што тој наведува во своето видео е дека секое тело реагира различно на секоја промена. Но, тоа не треба да ве обесхрабува бидејќи со неговата диета нема што да изгубите доколку одлучите да ја пробате.

“Поминаа 6 месеци откога се соочив со самиот себе и одлучив да направам промена во мојот живот и начинот на исхрана. Како што гледате, резултатите се очигледни – успеав да ослабам 45 кг за 6 месеци.

Во просек слабеев по 240 г дневно, што е исклучително неверојатен резултат. Сите ми велеа дека нема да успеам и набрзо ќе се откажам, но јас бев одлучен дека ќе го издржам овој процес, па затоа сега сакам со вас да го споделам моето искуство.

Првиот чекор е да се соочите со самите себе. Треба да сте одлучни дека пред вас е долг процес и безразлика на се ќе успеете да го постигнете тоа што сте го замислиле. Потоа, вториот чекор, а можеби и најтешкиот е промената на лошите навики.

Моќта на навиките е толку силна што понекогаш не сме свесни за некои работи кои ги правиме секојдневно. Секој од нас се соочува со некоја навика со која не е задоволен, затоа што поскоро треба да ја искорените таа навика.

Навиките кои јас успеав да ги сменам се: рано станување, ја исфрлив нездравата храна како грицки, чоколада, прженици, сувомеснати производи… Првиот месец од промената започнав со мала физичка активност како пешачење, а после 30 дена почнав да џогирам и да вежбам од дома.

Следниот чекор кој се чинеше малку тежок да се постигне е секојдневните оброци да бидат во приближно исто време. Појадував околу 9, пиев кафе во 11, во 13 часот ручав, а последниот оброк беше во 18 часот. На оваа промена се навикнав брзо и никогаш не си дозволив некој пропуст помеѓу оброците.

Исто така ќе го споменам сонот како најважна биолошка состојба на организмот. Потребно е да спиете најмалку 8 часа за организмот да се одмори и приготви за активностите кои ги нуди следниот ден.

Треба да бидете упорни. Некогаш ќе изгубите мотивација, но тоа не значи дека треба да направите некој пропуст. Можеби резултатите нема да ги забележите веднаш, но доколку сте упорни со време ќе се докаже вашиот труд.’’

Во текстот подолу ви претставуваме овесна каша која Милан ја консумирал за време на неговата шестмесечна диета, многу лесно се приготвува, а со сигурност ги топи вишокот килограми

Оваа исклучително здрава намирница е богата со хранливи материи кои имаат бројни лековити својства. Овесната каша е богата со антиоксиданси вклучувајќи витамин Е, токотриеноли, селен, фенолна киселина и фитички киселини.

Исто така, содржи други хранливи материи како витамин Б1, биотин, молибден, фосфор, бакар и магнезиум меѓу другите фитонутриенти.

Промените што ќе ги видите на вашето тело доколку јадете овесна каша секој ден

Првата и најдобра причина зошто треба да јадете овесна каша секој ден е тоа што овој оброк може да спречи гоење и намалување на телесната тежина. Медицинските експерти сметаат дека тоа е затоа што со консумирање на овесна каша, се постигнува чувство на ситост, а тоа чувство трае долго.

Ова значи дека ќе консумирате помалку храна и дека ќе изгубите тежина побрзо. Исто така овој оброк обезбедува многу енергија во текот на денот без драстичен пораст или пад на нивото на шеќер во организмот.

Треба да знаете дека тоа е затоа што има низок гликемиски индекс. Нискиот ГИ на овесна каша ви помага да ја избегнете потребата на организмот за нездрава храна поради драстичниот пад на шеќер, па затоа ќе ви биде полесно да одолеете на омилените јадења.

Здравствени придобивки од овесна каша: го намалува нивото на лошиот холестерол; го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања; го зајакнува имунитетот; го регулира нивото на шеќер во крвта и го намалува ризикот од дијабетес тип 2;

Одличен извор на влакна што штити од рак на дојка, безбедна алтернатива на житарките за оние кои страдаат од целијачна болест и не смеат да консумираат глутен; го продолжува животниот век

Овесните снегулки може да ги додадете во протеински шејк, јогурт или млеко. Со редовно консумирање на овесните снегулки, резултатите ќе ги забележите за само 2 недели и ќе бидете воодушевени од изгубените килограми.

Забелешка: Пациентите со одредени здравствени состојби, како што е гихт, не треба да консумираат овес. Доколку страдате од некои здравствени проблеми, консултирајте се со вашиот лекар пред да го промените начинот на исхрана.

Оваа каша многу лесно се приготвува, па може да ја припремите во било кое време
Потребни состојки се овесни снегулки, ленено семе, неколку оревчиња и бадеми, неколку боровинки, суво грозје и млеко од соја.

Во длабок сад додајте 3 супени лажици ленено семе, пола лажичка ленено семе, 1 голема лажица оревиња и бадеми, 1 голема лажица боровинки, околу 10 семки суво грозје и на крајот ставете од млекото да ги прелиете сите состојќи кои се наоѓаат во садот. Добро измешајте и почекајте 10 минути да се измешаат овесните снегулки со млекото.

Интересно е што овој рецепт може да го припремите од претходната вечер и да го оставите во фрижидер преку цела ноќ. Наутро ќе добиете неверојатен вкус од оваа каша. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска