Глогот е еден од најдобрите хербални лекови за зајакнување на срцето, подобрување на циркулацијата и намалување на крвниот притисок. Има смирувачко дејство и ги елиминира последиците од акумулираниот стрес.

Црвениот глог (Crataegus oxyacantha) нема долга историја во фитотерапијата. Билкарите го користат неколку векови, во споредба со некои други растенија, како камилица или рицинусово масло.

Сепак, ова не значи дека глогот не е вреден природен лек. Напротив, цветот, листот и овошјето од глог се користат за правење чаеви и лековити тинктури. Цветовите и лисјата се собираат од мај до јуни, а плодот се собира во ноември.

Ова растение дава особено добри резултати кога станува збор за справување со менаџерската болест. Тоа се оние луѓе кои секојдневно се изложени под голем стрес, кои јадат нездраво, спијат малку, немаат уредна столица, не шетаат на чист воздух и не се движат доволно.

Ова темпо на живот порано или подоцна доведува до срцев у-дар или мозочен у-дар, хипертензија, слаба циркулација и нарушена меморија. Благодарение на гликозидите процијаниди, флавоноиди, танинот и витамините кои ги нуди глогот, тој дефинитивно ја подобрува циркулација на кр-вта, го намалува кр-вниот притисок, ги смирува аритмиите и им помага на оние кои страдаат од ангина пекторис.

Глогот е исто така моќен хербален лек за опуштање и смирување на нервниот систем, па затоа во комбинација со валеријаната се препорачува против несоница и нервоза. Билните препарати кои содржат глог, обично се мешаат со гинко билоба и ја подобруваат меморијата.

Чај од глог против висок кр-вен притисок. Потребни состојки: глог 50 г, имела 50 г, рузмарин 50 г

Подготовка: Измешајте ги сите билки заесно, па истурете две супени лажици од смесата во 500 мл врела вода. Промешајте, покријте и оставете го да отстои 20 минути. Исцедете и пијте во текот на денот во мали голтки. Пијте три недели, а потоа направете пауза од седум дена.

Чај против несоница и нервоза. Потребни состојки: глог 50 г, коприва 50 г, валеријана 50 г

Подготовка: Измешајте ги сите растенија, па истурете две супени лажички од смесата во 300 мл врела вода, промешајте, покријте и оставете да отстои 15 минути. Пијте во текот на денот, по желба засладено со мед.

Мешавина од чај против ангина пекторис. Потребни состојки: глог 50 г, корен од ангелика 50 г

Подготовка: Измешајте ги сите билки, па истурете две супени лажици од смесата со 600 мл врела вода, промешајте, покријте го и оставете го да отстои 15 минути. Исцедете и пијте во текот на денот во мали голтки. Пијте три недели, а потоа направете пауза седум дена.

Мешавина од чај за луѓе кои се соочуваат со голем стрес. Потребни состојки: глог 50 г, лаванда 50 г, кантарион 50 г

Подготовка: Измешајте ги сите билки, па истурете две супени лажици од смесата со 600 мл врела вода, промешајте, покријте и оставете го да отстои 15 минути. Исцедете и пијте во текот на денот со мали голтки. Пијте три недели, а потоа направете пауза од седум дена.

Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.