Цироза е на неповратно оштетување во форма на лузни на црниот дроб. Оштетените клетки не можат да се регенерираат, но раното откривање овозможува забавување на понатамошно напредување на цирозата.

Лузните на црниот дроб спречуваат нормален проток на к-рв низ него, што значи дека се јавуваат потешкотии во извршувањето на своите задачи, кои вклучуваат детоксикација од насобраните токсични материи, производство на ензими и протеини, учествување на организмот во борбата против инфекции и лачење на жолчната киселина, што е едно од најважните процеси за варењето на храната.

Од друга страна, црниот дроб складира витамини, железо и корисни шеќери, а овој процес е загро-зен при неговото оштетување.

Ал-ко-холот не е единствената причина за цироза. Цирозата обично се јавува како последица на некои хронични заболувања како што се хепатитис Б или Ц, а причините може да бидат акумулација на маснотии во црниот дроб.

На оштетувањето на црниот дроб може да влијаат и генетските предиспозиции, презаситеноста на телото со железо или бакар, недоволно развиени или блокирани жолчни канали, разни автоимуни болести, но и инфекции предизвикани од паразити.

Понекогаш може да се јават и доцни симптоми на цироза. Цироза на црниот дроб во почетната фаза обично не се манифестира со никакви симптоми, а првите проблеми обично се појавуваат кога состојбата станува сериозна односно болеста напредува.

Може да се појави замор и слабост на мускулите, како и ментална конфузија, што подразбира нејасен говор и поспаност и е предизвикана од насобраните токсини во кр-вта.

Слабеењето, чувството на чешање по целото тело, црвени дланки, повраќање на к-рв и изразени вени во форма на пајакова мрежа под кожата, исто така може да укаже на цироза на црниот дроб, исто како и жолтеникавата кожа под очите и отекување на нозете и стапалата поради акумулација на течности во телото.

Доколку не се преземат мерки, цирозата може да предизвика разни компли-кации како што се акумулација на токсини во мозокот, коскени заболувања и разни инфекции.

При оваа болест, задолжителна е промената на животниот стил. Третманот на цироза, односно начинот на забавување на напредокот на болеста, зависи од нејзината причина и потенцијалните компликации што ги предизвикува.

Доколку цирозата е предизвикана од ал-ко-хол, пациентот мора да го остави тој причинител зад себе. Исто така, ако причината за оштетувањето е замастен црн дроб кој не е предизвикан од ал-ко-хол, се препорачува да се регулира телесната тежина и задолжително да се контролираат нивоата на шеќер во кр-вта.

Важноста на правилната исхрана

Пациентите чиј црн дроб е оштетен, треба да избегнуваат масна и тешка храна, како и употреба на кујнска сол, што може да ја влоши состојбата. Нивната исхрана треба да се базира на свежо овошје и зеленчук, кои се богати со антиоксиданти.

Особено се препорачуваат витамин Е и селен, исто како и коензим Q10, чиј најдобар извор е рибата, а покрај тоа, во исхраната треба да бидат вклучени ореви, јајца и пилешко месо.

Наместо три големи оброци, се препорачува од 4 до 7 помали порции храна во текот на денот, бидејќи во тој случај органите за варење ќе бидат помалку оптоварени, а со тоа и црниот дроб што лачи жолчна киселина неопходна за тој процес.

Моќта на мешавината од глуварче и линцура го штитат црниот дроб од понатамошно оштетување, благодарение на глициризинот, а истовремено подобрувајќи ја неговата функција.

Чајот се подготвува многу лесно, но не треба да го користат бремени жени, лица со висок кр-вен притисок и оние кои користат диуретици. Најдобро се користи во комбинација со нане, што ја забрзува работата на црниот дроб, го стимулира лачењето на жолчката и го намалува нивото на лош холестерол.

Земете 100 г глуварче, 100 г нане и додадете 50 грама жалфија. Истурете четири лажици од смесата во литар врела вода и оставете ја да отстои 45 минути. Пијте во текот на денот со мали голтки.

Ако црниот дроб е оштетен од ал-ко-хол, наместо жалфија, се додаваат 100 г мајчина душица и 100 г линцура, а чајот се прави и се користи на ист начин како претходниот. Линцурата е позната билка која се користи токму за оваа болест и е позната како една од најефикасните билки во борбата против замастен црн дроб и хепатитис.

Глуварчето е неизбежен сојузник во борбата против цирозата на црниот дроб, а се користи и кога е потребно да се поттикне детоксикација и да се елиминираат маснотиите од организмот.

Сувиот корен од глуварче треба да се сомеле за да се добијат две кафени лажички прав, па да се прелијат со чаша врела вода. Се пие три пати на ден.

Од друга страна, зелениот чај исто така може да помогне, кој, благодарение на катехинот, ја одржува функцијата на црниот дроб и го штити од токсини што можат да предизвикаат негово оштетување. Од зачините, особено се препорачува куркума, која исто така го штити црниот дроб од разни токсини.