Овие мекици воопшто не се мрсни, не впиваат масло, меки се како памук и воздушести. Можат да се јадат и солени и благи. Има една тајна во приготвувањето…
Мекиците ги приготвив во чест на раѓањето на мојата внука.
Фото и рецепт (окт/2019): Јасмина Попоски
Потребни состојки:
150 мл газирана вода
400 мл млако млеко
2 јајца
6 лажици масло
1 сув квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1 капаче ракија
околу 1 кг брашно
Постапка:
Изматете го квасецот во млакото млеко со лажичка шеќер, додајте ги јајцата, маслото и газирана вода.
Од брашното одземете малку, (за подоцна, доколку е потребно да додадете за домесување), па наросете сол и со постепено додавање на течните состојки замесете меко и мазно тесто кое не лепи на раце.
Тестото покријте го со проѕирна фолија и оставете го во фрижидер да отстои преку цела ноќ.
Следниот ден тестото истресете го на набрашнета работна површина и развлечете кора со дебелина од околу 5 мм.
Со чаша се сечат тркалца кои се оставаат малку да стасаат и да го удвојат волуменот. Потоа се пржат во умерено загреано масло, рамномерно од двете страни.
Во маслото се ставаат 3-4 чепкалки за заби.
Фото и рецепт: Јасмина Попоски