Копривата е најдобриот прочистувач на крвта и најдобрата лековита билка за формирање на крвта.

Има позитивно влијание врз панкреасот и го намалува нивото на шеќерот во крвта.

Оваа билка исто така лекува болести и воспление на уринарниот тракт и неможност за мокрење. Особено се препорачува пролетно време. Оваа билка претставува одличен диуретик, средство кое спречува анемија.

Листот од копривата е извор на витамините А, Б, Д, Е и К, минералите калциум, манган, железо, калиум, цинк, магнезиум и бакар, потоа содржи ензими и хлорофил.

Потребни состојки:

1 кг лист од коприва
2 лимони органски
2 јаболка
500 г мед или нерафиниран шеќер
желатин или пектин

Постапка:

Копривата измијте ја, исечкајте ја. Јаболката исто така измијте ги, ако се прскани излупете ги, исечете ги и извадете им ги семките.

Лимоните убаво измијте ги и доколку не се органски, истретирајте ги со сода бикарбона. Исечете ги и извадете им ги семките.

Сите состојки заедно ставете ги во блендер и миксајте додека да добиете изедначена мазна смеса.

Додадете мед, па уште промешајте. Желатинот или пектинот додадете ги според упатството и тежината на добиената количина. Колку и да ставите нема да згрешите, зошто желатинот е исклучително здрав.

Додека смесата е топла од миксањето, складирајте ја во загреани стерилни тегли.

Употреба: Секој ден консумирајте по две супени лажици од смесата, половина час пред оброк (по една лажица пред појадок и пред ручек).

Копривата е најдобриот начин за да ја прочистите крвта и да ја подобрите крвната слика.

Има позитивен ефект врз панкреасот и помага за намалување на нивото на шеќер во крвта. Исто така, третира инфекции во уринарниот тракт и ја стимулира работата на цревната флора.

Копривата исто така, се користи за третирање на црниот дроб и жолчната ќеса, пореметувања во спиењето, тумор на црн дроб, стомачни грчеви, чиреви, белодробни болести и сл.

Исто така, многу е корисна кај вирусни и бактериски инфекции.

Доколку имате недостиг на железо во крвта и се чувствувате постојано уморно, копривата е точно она што ви е потребно! Таа содржи доволно железо и успешно ја третира анемијата.

По извесен период со редовно користење на копривата, ќе пукате од здравје и енергија.