Ова тесто не се остава да стасува, а може да се обликува во форми какви што сакате и да ги направите највкусните мекици. Тие се вистинскиот избор за појадок, бидејќи се комбинираат со најразличен прилог, во слатка или солена варијанта.
Може да ги јадете со некој намаз, кајмак, сирење, џем, шеќер или само така, многу се вкусни и секому омилени. За разлика од класичниот рецепт за мекици, каде тестото мора да се чека да стасува, овие се пржат веднаш, а подеднакво се вкусни.
Ќе ви откриеме два рецепти, од кои вториот содржи шунка, кашкавал и сирење во тестото.
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 7 лажици кисела павлака, сол по вкус, 450 г брашно, 15 г прашок за печиво (1,5 кесичка).
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јајце, 200 мл јогурт, 400 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 1 лажичка сол, 130 г сирење, 130 г кашкавал, 130 г шунка, 1 лажичка оригано и 3 лажици кечап
ПОСТАПКА за рецепт 1: Изматете ги јајцата со кисела павлака и сол.
Во изедначената смеса додајте го брашното помешано со прашок за печиво, па замесете го тестото со рака, додека тоа да стане компактно, изедначено и да се двои од ѕидовите на садот.
На лесно набрашнета работна површина развлечете го тестото со помош на оклагија, исечете ја кората на дебели ленти.
А, потоа лентите засекувајте ги дијагонално за да добиете триаголници, но по желба можете да ги сечете и на плочки или квадари.
Потоа пржете ги во умерено загреано масло на умерена температура, па редете ги врз хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија. Послужете ги топли со прилог по вкус /(ѕtvarukuѕa.rѕ) Прочитајте ги и вториот рецепт:
БРЗИ ПИШИИ – ПОСТАПКА: Шунката, кашкавалот и сирењето изрендајте ги ситно.
Од сите состојки замесете хомогено тесто, а потоа со помош на оклагија развлечете кора на набрашнета работна површина, со дебелина од околу 0,5 см. Кората исечете ја на коцки.
Веднаш спуштајте ги да се пржат во загреано масло, по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат. Кога се готови, редете ги врз хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија.
Служете ги топли, но вкусни се и кога се изладени, со чаша јогурт, кисело млеко или нешто по ваша желба.