МЕКИ КИФЛИ СО СУСАМ…Одлични за појадок, вкусни и мирисни..Лесна подготовка! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):
1 кесичка сув квасец
2 чаши млака вода
1/2 чаша масло
2 лажици шеќер
1 лажичка сол
2 лажици путер
4,5 – 5 чаши брашно
За фил:
кашкавал
За натопување:
1 лажица меласа
1/2 чаша вода
печен сусам за валање
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад измешајте ги квасецот, шеќерот и водата. Потоа, малку по малку додавајте го маслото, брашно и солта, па замесете меко тесто.
2.На крај додајте го омекнатиот путер и домешсете уште малку за да се апсорбира во тестото. Покријте ги и оставете го да ферментира 45 минути.
3.Извадете го воздухот од ферментираното тесто и поделете го на 12-13 парчиња.
Топчињата раширете ги со рака, во средината ставете парче кашкавал или фил по ваш избор и затворете како ролничка-кифла.
4.Во половина чаша вода растворете 1 лажица меласа. Со оваа смеса прво се премачкуваат врвовите на печивата, а потоа со сусам.
5.Печивата ставете ги на плех обложен со хартија за печење и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени.
Постапката погледнете ја ОВДЕ.