Домашен мед од бозел: Природен лек за бели дробови, неповторлив вкус, лесно се прави!

Започна сезоната на цветање на бозелот, па така можете да си наберете цветови од оваа прекрасна билка.

Инаку, бозелот е богат со антиоксиданти кои ги штитат нашите клетки. Луѓето со векови наназад го користат бозелот за лекување на разни тегоби: воспленија, грип, дигестивни пречки, кај проблеми со кожата, задржување на вода во телото (одличен диуретик), за јакнење на имунитетот, чистење на телото од токсини…

Loading...

Бозелот е богат со флавоноиди, антиоксиданти за кои е познато дека ги штитат нашите клетки од пропаѓање, а со тоа и од разни болести.

Цветовите од бозел се берат на суво и убаво време, а пред употреба треба да се одвојат малите гранчиња од цветовите – на тој начин ќе ви зазема помалку простор во садот за приготвување или помалку простор за сушење, а ионака се важни само цветовите.

Напомена: не ги берете сите цветови од една грмушка, оставете барем половина за наесен за да созреат бобинките.

МЕД ОД БОЗЕЛ

Теглата наполнете ја со цветови од бозел, па прелијте ги со квалитетен мед. Малку промешајте, затворете ја теглата и оставете да отстои на собна температура три до седум дена.

Потоа процедете го медот (не низ газа туку низ цедалка). Она што ќе го добиете е мед со многу интензивен вкус на бозел кој можете да го додавате во чај, во лимонади, но и да го јадете во случај на настинки или белодробни тегоби.

Медот од бозел има долг рок на траење, додека не го потрошите.

Напомена: она што ќе ви остане во цедалката, ставете го во половина литар вода (или повеќе, во зависност од количината), па така медот и сцетовите ќе се растопат, па повторно процедете. На тој начин ќе добиете освежителен напиток во кој можете да додадете малку лимонов сок.

Loading...