Многу едноставно се приготвува, а добивате превкусна погача. Може да ја направите за вечера со чаша јогурт или кисело млеко.

Потребни состојки: 3 јајца, 200 мл кисело млеко, 1 прашок за печиво, 150 мл млеко, 300 г рендан кашкавал, 250 г брашно и малку сол

Постапка: сите состојки измешајте ги, излејте ги во намастена тепсија и печете околу 25 минути на температура од 200 степени.

Толку – добивате многу вкусна погача.